Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”. Градот сепак е домаќин на еден од најголемиет мото настани на светот. Еден од главните луѓе на Motul, Антон Малишев, се заинтересира за оваа манифестација и се приклучи на Motul USA за лично да го искуси целиот настан.

459A8431

Антон, што е Sturgis Motorcycle Rally?

„Тоа е најголемиот мото настан во светот и вообичаено на него присуствуваат над 700 илјади лица. Тие го нарекуваат рели но всушност станува збор за нешто многу повеќе од тоа. На него има трки но целата организација повеќе наликува на еден вид на фестивал. Манифестацијата ги надминува границите на градот и има настани кои се одржуваат и подалеку, во други населени места.“

459A7641

Кои се возачи, какви луѓе го посетуваат овој настан?

„Посетителите се на различна возраст но поголемиот дел од нив се парови на возраст од 40 и 50 години кои со своите мотоцикли патуваат низ целата држава. Но исто така сум забележал и многу млади возачи. Но она што го прави градот уникатен е фактот дека покрај неверојатното искуство кое го нуди има многу попусти за возачите. Луѓето кои доаѓаат тука ги сакаат мотоциклите и се многу пасионирани за мотоциклизмот. Минатата година за време на фестивалот локален дилер продаде речиси 600 нови Harley-Davidson мотоцикли. 600!“

459A7640

Зошто овој настан е толку посебен за Motul?

„Тоа многу лесно може да се види. Имате огромна група на луѓе кои го сакаат мотоциклизмот и сакаме да им го обезбедиме целото уживање кое го нудат производите на Motul и да ги информираме за нашиот бренд. Токму затоа Motul склучи договор со J&P Cycles Sturgis, нашиот локален дилер и понудивме бесплатно менување на маслото. За време на манифестацијата голем број на луѓе ја искористија оваа можност а за тоа време ние пак можевме да ги презентираме нашите производи.“

459A8589

Имавте уникатно искуство со Ural?

„Токму така. Открив една сосема нова страна на Стурџис, планинските патишта. Ural е познат по неговите оф роуд способности и иако имав поминато голем број на километри никогаш го немав возено по вакви патишта. Затоа ја искористив можноста и се упатив кон планините. Една работа која ми остави впечаток беше стилот на живот на жителите на градот. На мое големо изненадување поминав покрај многу големи куќи кои во дворовите имаа по еден до два SxS или ATV. Тоа беше неверојатно искуство.“

Back To Top