Занимливости

Топ 10 копии на мотоцикли

Кинеските мотоцикли се познати по позајмувањето идеи од оригиналните модели. Има некои мотоцикли кои се оригинални но на секоја уникатна машина се чини дека има серија на мотоцикли кои инспирацијата ја позајмиле – или едноставно ја ископирале - од модели на познати производители.

Следете нè на:

 

Кинеските мотоцикли се познати по позајмувањето идеи од оригиналните модели. Има некои мотоцикли кои се оригинални но на секоја уникатна машина се чини дека има серија на мотоцикли кои инспирацијата ја позајмиле – или едноставно ја ископирале - од модели на познати производители.

75054

Со голем број на мотоцикли произведени од голем број на компании понекогаш е тешко да се утврди точно чии се овие креации, но голем број од нив може да се најдат на страници како Alibaba и вообичаено имаат прилично ниска цена.

Еве 10 од најдобрите (или најлошите) копии на мотоцикли кои успеавме да ги најдеме.

10: Jida JD250

Самата боја ни вели Yamaha, нели? Исто така и стилот кој е позајмен од R1 и од R125 и е искомбиниран заедно со уште неколку додатоци за да се креира нешто што би ви личело на Yamaha.

75043

9. Непозната КТМ копија

Не знаеме кој е одговорен за овој мотоцикл кој личи на модел на КТМ. Она што е интересно е тоа дека идентична машина обоена во Kawasaki зелена боја се нуди под името Yamasaki. Доколку ги погледнете фаровите, резервоарот и седиштето ќе го забележите влијанието на KTM Duke на овој модел.

8. Yayama ‘R6’

Ни се допаѓа името на овој мотоцикл, Yayama. Или пак погрешно напишаното ‘Producde by sport’. Додатоците на овој модел се прилично уверливи Yamaha R6 копии но рамката на мотоциклот изгледа како да ни доаѓа од Икеа.

7. Leike Hornet

Не, ова не е копија на Honda Hornet но ви личи познато бидејќи е речиси идентична копија на Gilera скутер. Уште поинтересен е фактот дека овој модел е патентиран но се уште не знаеме кој го има патентот.

75046

6. Leike Thunderer

Овој модел се чини дека се уште не е во производство но дизајнот е навистина патентиран од страна на Leike. Можеби BMW не се премногу загрижени бидејќи овој мотоцикл премногу личи на S1000RR. Но со оглед на неговата големина се чини дека нема да ги збуни купувачите.

75047

5. Haray HY300

Доколку не ви текнува од каде ви е познат овој мотоцикл, дизајнот е речиси идентичен на моделот на Honda наменет за бразилскиот пазар XRE300. Малку чудно, но се чини дека кинеската машина има малку подобри спецификации од оригиналот. Но сепак на крај ние би го одбрале моделот на Honda.

75048

4. Wonjan WJ150R и WJ250R  

Првиот од четирите модели на Wonjan кои ќе ги видите има позајмено од моделот на Honda, CBR250R.Но, барем има неколку промени во однос на оригиналот особено околу резервоарот и седиштето. Сепак сличностите се повеќе од очигледни.

75049

3. Jonway YY250

Она што ни се допаѓа кај овој модел и покрај фактот дека е копија, е големата посветеност на деталите. Производителот одбра да направи копија на не толку популарен мотоцикл кој беше прилично грд дури и во оригиналната форма, BMW F650CS. Овој модел има 400cc помалку отколку оригиналот и му недостасува единечната задна вилушка која ја има кај BMW но сепак успева да ја задржи суштината на оригиналниот модел.

75050

2. Wonjan WJ150-18

Моделот MSX125 на Honda е култен мотоцикл кој има голем број на следбеници. Затоа не треба да ве чуди фактот дека некои компании ќе го искористат тоа. Но моделот на Wonjan е премногу блиску до оригиналот и многу луѓе би можеле да погрешат.

75051

1.Wonjan WJ300 Space Ranger (Класична и соголена верзија)

Не еден туку два модела го делат врвот. На кого му е потребен Ducati Streetfighter кога можете да го имате Wonjan WJ300 за дел од цената? Сигурно си мислите дека адвокатите на Ducati веднаш реагирале и покрај тоа што е речиси невозможно да погрешите во однос на оригиналот. Но овој модел не е ништо во однос на копијата на Ducati 1098/1198. Тој има само 300cc но постојат големи шанси да се помеша со оригиналниот Ducati, барем доколку го гледате од далеку. 

75054

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.