Занимливости

Топ 10 работи кои можете да ги видите во музејот на Suzuki

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

Следете нè на:

 

Веќе долги години Suzuki работи напорно од своето седиште во Хамамацу.

1909 е годината кога Мичио Сузуки за прв пат почна со својата работа во текстилната индустрија. Мотоциклите и автомобилите дојдоа неколку децении подоцна. Целата оваа историја можете да ја видите во музејот на Suzuki а еве ги десетте работи кои најмногу ми го привлекоа вниманието.

Power Free E2

Suzuki Power Free E2

Сите знаат дека Honda започна со својата работа кога Соичиро го прицврсти својот прв мотор на велосипед. Но можеби не знаете дека Suzuki го направи истото со моторизираниот велосипед Power Free 36cc во 1952 година. Ова се случува дури 43 години откако Мичио Сузуки ја основаше компанијата. Интересно е да се напомене дека ваквите мотоцикли стануваат повторно актуелни деновиве, но наместо со бензин, тие сега се напојувани со струја.

Katana

gs650g katana 22 03

GS550G, кој сигурен сум дека се викаше GS550M Katana во САД, беше мојот прв или втор мотоцикл. Тој ме научи како правилно да возам и како правилно да го користам алатот кој ми е на располагање. Но почекајте, ова не е GS550 туку GS650G кој многу потсетува на мојот стар мотоцикл. За прв пат го видов во едно списание за мотоцикли и веројатно тоа и ме привлече да го купам. За дел од дизајнот на овој модел одговорен е Ханс Мут.

GSV-R во сопственост на Кени Робертс Помладиот

Кени Робертс Помладиот ја освои титулата во сезоната 2000 и стана последниот победник кој бил дел до тимот на Suzuki. На сликата го гледате неговиот GSV-R мотоцикл од 2002 година. Ова е првиот мотоцикл на Suzuki од MotoGP ерата.

s l300

Кога зборуваме за Гран При мотоцикли, мораме да го спомнеме и MotoGP мотоциклот со кој Алекс Ринс настапи во сезоната 2018.

250 Colleda

72972 suzuki tb 250 colleda

Во Јапонија Suzuki веќе имаа креирано 250 twin машина која ја нарекоа “Colleda”. Ова беше неколку години пред да почнат да ги продаваат во САД. Овој модел е спортска верзија и се верува дека има 20 коњски сили.

T20 Scrambler

1967 suzuki scrambler 250 enduro 21222315

До 1965 година, овој модел беше подготвен за продажба ширум светот вклучувајќи го и САД каде што беше наречен X6 Hustler. Со 25 коњски сили, тој беше најбрзиот мотоцикл на светот во својата категорија. Со него почна да расте и репутацијата на Suzuki како компанија која обезбедува мотоцикли со високи перформанси и ниска цена.

61 Suzulight Carry FB

1961 suzulight carry fb 22 03

Како и кај Honda, и кај Suzuki автомобилите и камионите носат голем дел од профитот. Suzulight беше придвижуван од 359cc дво-тактен мотор кој има 21-на коњска сила.

RM62

suzuki50rm62left

Овој RM62 модел од 1962 година му ја донесе првата победа на една интернационална трка на Suzuki. Возачот беше Ернест Дегнер кој беше изнесен од Чехословачка затворен во багажник на автомобил. Единствено што тој понесе со него беше куфер полн со документи на научници кои работеле на ракетната програма на нацистите.

V-Strom 1000

2018 Suzuki V Strom 1000XT Review adventure motorcycle 5

Овие работи ми се слаба страна а музејот на Suzuki навистина не ме разочара. Тука ќе најдете многу работи поврзани со овој мотор.

Van Vans

van van 125 22 03

Кој би рекол? 125cc моделот од 1974 година би бил одличен за возење на плажа. Исто така имаше и 75 и 90 Van Vans модели. Можеби овие модели се појавиле на пазарот во САД но јас ги немам видено.

Katana Final Edition

SUZUKI GSX 1100 S Katana Final Edition 1473 1

Првата GSX-1100S машина беше направена во 1981 година а последната во 2000. Ова е ретката последна верзија на моделот Katana, еден од само 1100-те модели кои беа произведени. 19 години подоцна, имаме нова Katana. За ова наскоро очекувајте повеќе информации...

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Следната недела на пазарот ќе се појави Honda Africa Twin.

Првите луѓе на Kawasaki се подготвуваат за сезоната 2020.

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.