Занимливости

Турнеја: Ducati Globetrotter 90

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Следете нè на:

 

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Германскииот студент по Махенички инжињеринг, Тимо Шафер, го започна последниот дел до турнејата на 5-ти декември на „Isle of Man“. Неговата прва станица на турнејата, која помина низ некои од најпознатите места од историјата на Ducati во Англије, e Кентербери, каде што Шафер ќе се сретне со Пол Смарт.

globetrotter 006

Смарт победи на првата Imola 200 трка на 23-ти април 1972 година притоа возејќи Ducati 750 GT. За Ducati, ова е најзначајната победа во нивната историја.

Од Кентербери, Тимо ќе замине на легендарната патека во Белгија, Спа, и во музејот на Ауди во Инголштад, Германија, каде што во моментов се одржува изложба посветена на Ducati.

globetrotter 003

Потоа Тимо ќе се упати кон Италија и најпрво ќе ја посети патеката во Монца, а потоа ќе замине за Фиренца каде што ќе се сретне со Џулиано Маоги, кој беше победник на четвртата „ Motogiro d'Italia“ во 1956 година.

Претходниот возач, Хуго, ја презеде контролата над „Multistrada“ во Лисабон, Португалија, на 17-ти ноември. Тој возеше до Велика Британија каде што мотоциклот беше изложен на шоуто „Motorcycle Live“.  После тоа, Хуго ја посети патеката Силверстоун на која Мајк Хејвуд победи на две трки во две различни класи во 1960 година. Мајк и двете победи ги постигна додека возеше со Ducati. Донингтон Парк, патеката каде што се оддржа првата Спербајк трка во 1988 година, беше следната дестинација на Хуго. На првата трка во WSB шампионатот победи Марко Лучинели кој настапи на Ducati 851.

Последната дестинација на Хуго, Isle of Man, беше местото каде што Мајк Хејвуд ја постигна историската TT победа во 1978 година.

globetrotter 001

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.