Во изминативе години, апликациите како што се Airbnb и Lyft ја започнаа економијата на делење  и извршија големо влијание врз традиционалната индустрија. 

Бизнис моделот е едноставен, изнајмувајте соби и заработете пари од тоа. Неодамна, една компанија ја презеде оваа идеја и ја пренамени за мотоцикли. Twisted Road е нов сервис кој му овозможува на секој кој има возачка дозвола за мотоцикл како и осигурување да може да изнајми мотоцикл од секој што ќе објави оглас на страната на Twisted Road.

Twisted Road

Во моментов, овој сервис е достапен само во САД, а од компанијата велат дека планираат да се прошират доколку постои голема заинтересираност.  Возачите кои доаѓаат во Америка ќе можат да изнајмат мотоцикл доколку имаат валидна возачка дозвола и доколку остават депозит. Исто така се врши и проверка на возачот и доколку во минатото имал пријава дека украл мотоцикл, тогаш неговото барање е одбиено. Секој корисник исто така прави и свој профил каде што наведува какво е неговото возачко искуство и каков мотоцикл претходно возел. Сопствениците на мотоциклите пак имаат можност да го прифатат или одбијат барањето кое ќе стигне до нив.

Во моментов, на страната има повеќе од 300 мотоцикли, а таа бројка постепено се зголемува. Со оглед на тоа дека повеќето компании кои изнајмуваат мотоцикли наплаќаат нешто помеѓу 75 и 200 долари од ден, оваа опција е навистина прифатлива.

Screen Shot 2018 01 26 at 2.59.59 PM

Поголем број на сопственици на мотоцикли имаат повеќе модели, а плус голем дел од нив и не ги возат постојано. Системот ќе овозможи оние мотоцикли кои не се возат толку многу да се користат почесто, а тоа ќе овозможи и дополнителен приход за нивните сопственици.

Секако дека има и проблеми. Прво, претпоставувам дека голем број на луѓе нема да внимаваат на мотоциклот исто како и вие. Компанијата има и посебни правила кои спречуваат мотоциклот да се вози на едно тркало но не знам само како ова може да се спроведе на дело.

Исто така тука е и километражата. Сопственикот ќе заработи пари, но исто така ќе треба и да потроши на оддржување на мотоциклот, а дополнителната километража ја намалува неговата вредност. Исто така, можеби и ќе се најде некој кој ќе ви замени дел од мотоциклот без вие да забележите.

Доколку сакате да дознаете повеќе посетете ја нивната интеренет страна.

Back To Top