Занимливости

[видео] Дали воздушниот елек навистина помага при незгода?

Младиот Американец имаше прилика од прва рака да провери дали воздушниот елек навистина помага при незгода...

Следете нè на:

 

Се сеќавате ли на она смешно видео што ви го покажавме кон крајот на Март. Момчето кое за да го тестира воздушниот елек за мотоцикл беше удрено со алуминиумска безбол палка? Тој елек беше Helite, а ние се смеевме на фактот дека воопшто не е исто да те удри безбол палка или да имаш сообраќајна незгода.

На ова видео можете да видите вистински тест на Helite воздушниот елек. Возачот е универзитетски студент кој вози мотоцикл помалку од една година. Како што вели тој, мотоциклот Suzuki SV650S не е негов туку на некој негов пријател, но ова не било прв пат како го вози.

slide009 23148

Момчето вели дека нема големо искуство во возење мотоцикл и дека сам е виновен за тоа. Се сеќава дека возел со брзина од околу 110 километти на час пред несреќата. Оваа брзина не е многу голема, но нов возач треба да биде многу повнимателен. Тој изјави дека не забележал дека има надолнина на патот. Ние би му кажале дека мора добро да внимава на патот и дека не смее да не забележува такви работи.

Во секој случај, воздушниот елек добро си ја заврши работата и возачот не претрпе никакви посериозни повреди. Според него, елекот му помогнал да не го повреди рбетот. Иако несреќата се случила при прилично голема брзина, самиот елек не претрпел сериозни оштетувања и може повторно да се користи. Сега имаме и доказ дека тој е одлична заштита како при сообраќајни несреќи така и при тепачки со безбол палки :)

Би можело да ве интересира

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.