Занимливости

Видео игра: MotoGP 18

Италијанската компанија Milestone ја подобри популарната игра која сега е достапна за PS4, Xbox One, PC и Nintendo Switch. Играта ќе има голем број на нови додатоци и подобрувања.

Следете нè на:

 

Познатата MotoGP игра се враќа во 2018 година со нови додатоци меѓу кои е и подобрената графика. Новото издание го користи „Unreal Engine 4“ кое обезбедува одлично искуство исполнето со многу детали и кое на графиката и на контролите им дава многу пореалистични перформанси.

Лицата на MotoGP возачите се скенирани во 3D за да се обезбедат високо квалитетни детали  како за возачот така и за машината. Како надополнување на ова, секоја од патеките на кои се оддржува трка од MotoGP шампионатот исто така е скенирана со цел да се обезбеди што е можно пореална слика.

motogp18

Главниот дизајнер, Матео Пезоти, вели дека промените на играта кои се направени во најновата верзија имаат за цел да ги приближат играчите до она што реално се случува во MotoGP шампионатот.

„Ова едноставно ќе биде најдоброто MotoGP искуство за сите фанови,“ изјави Пезоти. „Играта го означува доаѓањето на Unreal Engine, што претставува чекор напред во однос на технолошката иновација обезбедувајќи притоа одлична графика и реалистични светлосни ефекти.“

Играта обезбедува и можности да собирате развојни пакети кои ќе ви помогнат да го подобрите моторот, суспензијата, сопирачките, шасијата и аеродинамиката во текот на  вашата кампања.

„Играта во целост ги прикажува различните однесувања на мотоциклите со што се намалува разликата помеѓу реалноста и фикцијата.“

Од туторијалот веднаш може да се забележи дека ви е потребно знаење за да отклучите голем број од работите во играта, пред се во однос на брзината.

А откако веќе играчот ќе го постигне темпото кое е потребно, можете да одберете од неколкуте нивоа кои се нудат, а меѓу кои се традиционалната, една трка, постигнување на најдобро време како и можноста да бидете дел од целиот шампионат.

Доколку сакате, можете да имате и целосна кариера, започнувајќи од Red Bull дебитанскиот куп па да стигнете се до MotoGP.

Во новата игра исто така се враќа и MotoGP eSport шампионатот, овој пат проширен и на Xbox, PS4 and PC (изданието за 2017 година можеше да се игра само на PS4). Тој стартува кон крајот на Јули, а големото финале е закажано за ноември кога се оддржува и трката во Валенсија.

Би можело да ве интересира

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Зимскиот период е одличен за планирање и подготовка за сезоната која следува, така е и со нашите натпреварувачи на меѓународните трки, а првиот од нив со кого разговараме за идните планови е Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ги донесе новите модели на јакни од програмата на Spyke.

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.