Не гледаме секој ден радикално нови концепти на дизјн на мотори, а уште поретко гледаме концепти кои се вистински а не само некоја компјутерска визија. White Motorcycle Concepts стои на втората страна и ова лето храбо претстави комплетно нов концепт кој ги остави сите без здив.

WMC 04

WMC250EV беше претставен во јуни оваа година како вистински мотор, не само концепт на екран. Станува за мотор на електричен погон но си дупка на средина. Сега нивниот фокус е рушење на рекордот за најбрз мотор на електричен погон.

Самиот мотор носи три различни концепти, првиот и најмаркатен е неговиот дизајн и аеродинамика. Имено по должина на целиот мотор има тунел низ кој слободно поминува воздухот и притоа креира потиснување кое дополнително влијае на стабилноста а секако го намалува отпорот на воздугот на предниот дел на моторот со што го прави поефикасен. 

WMC 05

Втората иновцација е погон на две тркала. Електричните мотори тоа сега го дозвлуваат а на храбрите е да го тестираат и усовршат. Кај концептот WMC250EV се користи еден стандарден мотор со погон на ланец и самоподмачкување за задното тркало и два помали електро мотори кои се закачени кај предното тркало. Ако на ова се додаде и уште по некоаја иновација како на пример управуањето со помош на кабел со цел да се избегнат комплесните поврзување тогаш добиваме мотор каков никој не видел до сега. 

Деновиве беа направени првите тестови, не со цел да се рушат рекорди туку да се провери математиката во реалснот. Дали мотоор ќе се однесува така како што очекувале сите и предвидувале симулациите. Rob White, основачот на White Motorcycle Concepts успеа да вози со брзина од 170 милји на час според сите планирани очекувања. Секако ова не беше атак на рекордите но беше доволно вреден тест за да се премине на следната фаза на развој. 

WMC 02

Инаку името WMC250EV доаѓа како аспирација за посакуваната брзина од 250 mph, сепак конечната крајна брзина може да биде и поголема од таа.

Иницијалниот тест беше направен со батерии со 60V и комбинирана можност од 100kW (137hp). За рушење на рекордите се планира 2.5 пати поголема моќност кога ќе произведе 250kW (односно 335 коњски сили).

WMC 03

Со средишниот тунел WMC250EV  значително го намалува отпорот и во споредба со сегашните мотори овој концепт е до 70% поефикасен. Висината на седиштето и позицјата на седење иако може да се менуваат сепак во овој концепт намерно се задржани на нивото на сегашните мотори се со цел овој систем во иднина да може полесно да се пренесе во моторите кои би биле во сериско производство. 

Back To Top