Red Dot е една од најпрестижните светски награди за дизајн која може да се освои. Да освоиш три во една година е секако огромен успех!

Јамаха оваа година за три од своите нови производи освои престижна Red Dot Awards: Product Design 2022. Yamaha YZF-R7 и MT-09 се двата мотори кои се закитија со црвена точка а награда доби и SuperJet нивниот џетски модел.  

Ова ни од далеку не е права ваква награда за нив, Yamaha си носи дома награди од овој избор 11 години по ред. Настанот се организира во Германија а учесници и добирни може да бидат буквално сите видови производи, вклучувајќи секако и мотори но и додатна опрема з амотори и сл. Секако нагрдите не се само за мотори и мото индустријата туку далеку опфаќаат далеку пошироко поле кое опфаќа и коли и друга технологија. 

Покрај Yamaha оваа година уште еден јапонски бренд се закити со овој тип признание, тоа е секако Honda кои добија награда за NT1100 и за ADV350.

MT-09 е предводник на новиот, оригинален дизјан пристап на Yamaha наречен „темната страна на Јапонија”. Додека пак YZF-R серијата е претставник на спортстката линија, но R7 прв пат се закитува со ваква награда, како наследник на легендарниот R6. 

Досега на сините им одеше добро, пред нив е нов предизвик, 2023, што ли подготвуваат за следните Red Dot Awards

Back To Top