motori prevent-rust-fuel-tanks-800x800Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари, додека цената на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар.

prevent-rust-fuel-tanks-800x800

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари, додека цената на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар.

Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе се продава по 82 денари за литар, додека литар еуросуперот БС-98 ќе чини 84 денари.

Новата цена на евродизелот изнесува 72 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 60,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,847 денари за килограм, со што новата цена на овој вид на гориво ќе изнесува 45,856 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 111,067 $/барел и е за 5,24 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (117,212 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две седмици изнесуваше  48,1026 ден/$ и е за  2,87% повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Извор: „Макфакс

Back To Top