Мото клубот Мечки од Куманово, Ве кани на мото рок журка на 14.09 во Касапски Круг (Куманово) со почеток од 19 часот.

phoca thumb l DSC 0279

МК Мечки на 14.09 (сабота) организира мото рок журка во Касапски Круг, Куманово

Мото клубот Мечки од Куманово, Ве кани на мото рок журка на 14.09 во Касапски Круг (Куманово) со почеток од 19 часот.

По мала пауза, добрите домаќини повторно организираат забава која не треба да ја пропуштите. Местото на одржување на журката е добро познато, има огромен паркинг за моторите, одвоен дел за гостите, а она што е најважно, не очекува добра журка. Според најавата, за музиката ќе се погрижат „Crossroad Blues Band“, за гасење на жедта ќе има евтино пиво, а за загревање на атмосферата по подолг период во Македонија на мото собир ќе следиме и стриптиз.

Сите добронамерници се добредојдени, а имајќи ги во предвид претходните собири на МК Мечки од Куманово, ќе биде грешка да не се присуствува. Не заборавајте, 14.09 (Сабота), со почеток од 19 часот, Касапски Круг, Куманово.

Back To Top