На 19.07.2014 (сабота) мото клубот „Reapers MC Macedonia“ организира мото собир во Богданци од отворен карактер. 

10505481 10152539205005050 4313255520228572719 n

На 19.07.2014 (сабота) мото клубот „Reapers MC Macedonia“ организира мото собир во Богданци од отворен карактер.

Во сабота на паркингот на „Млаз Богданци“, мото клубот „Reapers MC Macedonia“ ќе го организира својот мото собир кој ќе биде од отворен карактер. Најавени се повеќе бендови, место за кампинг како и неминовната скара и пиво. 

Според програмата, пречекот на гостите ќе биде од 13 часот, од 16 часот е планирано дефиле кое ќе се вози до Дојран, а од 20 часот започнува музичкиот дел од вечерта.

За спиење ќе има обезбеден кампинг простор, а можно е и сместување во хотел со навремена резервација. Собите чинат по 20 евра, а за повеќе информации јавете се на 078/325-177.

Во сабота собирот на „Reapers MC Macedonia“ е отворен за сите добронамерници, па доколку не сте заминати на летен одмор, ова е одлична шанса за возење и дружење.

Back To Top