Мото клубот Вардар од Скопје на 17-ти септември ќе прослави 38 години постоење.

Мото клубот Вардар од Скопје на 17-ти септември ќе прослави 38 години постоење.

MK „Вардар“ е формиран 1978 година во Скопје. Брои околу 70 членови, од кои има и странски членови од Косово и Ирска. Прв претседател на МК Вардар бил Вања Битуљану, а од септември 1979 година е Васил Николовски кој ќе биде на оваа позиција до 2010 година.

На 12-ти јуни 2014 почина таткото на македонскиот мотокрос и претседател на мото клубот Вардар - Васил Николовски. По тој повод членовите на клубот во сабота во 11 часот ќе го посетат Зајчев Рид и гробот на Васил Николовски каде ќе положат и свежо цвеќе, по што ќе се упатат кон мото домот Орман.

Потоа одбележувањето на денот ќе продолжи на местото во кое МК Вардар ја организираше првата трка во 1994 година. Мото домот Орман е изграден во 2001 година, и од тогаш е втор дом за членовите на клубот.

Мото домот Орман ќе биде отворен од 12 часот, членовите и пријателите на клубот ќе прослават 38 години постоење на клубот, а вратите ќе бидат отворени за сите пријатели.

Back To Top