Корисни текстови

Како да го започнете првиот ден на тркачката патека

По успешниот прв слободен тренинг на Серез, можеби оптимистички, но се надеваме дека слободните тренинзи на стаза ќе станат редовна активност за македонските возачи. Во продолжение ќе најдете неколку совети за тоа како да го подобрите искуството од посетата на тркачката патека.

Следете нè на:

 

По успешниот прв слободен тренинг на Серез, можеби оптимистички, но се надеваме дека слободните тренинзи на стаза ќе станат редовна активност за македонските возачи. Во продолжение ќе најдете неколку совети за тоа како да го подобрите искуството од посетата на тркачката патека.

staza seres

Немојте едноставно само да се појавите

Внимателно проучете ја патеката пред да почнете со возење. Погледајте неколку видеа, прочитајте се што можете да најдете за неа на интернет, и поразговарајте со некој кој веќе возел. Но сите овие работи би требало да ви бидат само како водич. Патеката ќе биде комплетно различна кога ќе почнете да возите на неа.

Поминете еден пробен круг на патеката

Ако можете, поминете еден ден претходно на патеката. Пешачете, трчајте или возете велосипед. Сето тоа ќе ви помогне подобро да ја научите патеката. На овој начин ќе можете подобро да се запознаете со свиоците и ќе видите кога треба да притиснете на сопирачката, а кога на гаста.

Добро разгледајте ја околината

Првиот пат кога сте на нова патека може да ви биде малку непријатно бидејќи сите други возачи веќе ја знаат патеката освен вас. Но не грижете се, нема потреба од брзање. Во првите неколку круга, разгледајте ја добро стазата. Немојте веднаш да брзате бидејќи многу лесно ќе излетате.

Направете голем број на белешки

Испечатете мапа од патеката и фаќајте забелешки после секоја сесија. Започнете со едноставните работи, запишувајте во која брзина влегувате во секој свиок. Потоа преминете на тоа како се однесува мотоциклот на секој дел од патеката и нацртајте ја линијата по која се движите. Белешките ќе се менуваат постепено како ја учите патеката, но со самото тоа што ги запишувате сите работи многу побрзо ќе научите.

Искусните возачи ви се пријатели

На денот кога ќе дојдете да возите ќе бидете бомбардирани со информации, без разлика дали сте ги побарале или не. Но најдобрите совети ќе ги слушнете од искусните возачи кои „спијат“ на стазата. Не треба да ви биде незгодно или пак срам да прашате, секој од нив бил изгубен како што сте вие во моментот и сигурно ќе ви помогне.

comments

Би можело да ве интересира

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!