Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

Авантуристичките мотоцикли се големи и атрактивни ѕверови и ретко кој може да им одолее и да не се впушти во некоја оф роуд авантура. Но ако ова ви е прва ваква авантура, тогаш подобро ви е претходно малку да тренирате. Ако не можете или пак не сакате да го направите тоа, еве неколку од најчестите грешки кои можат да ви се случат и како да ги избегнете.

off road txt 1 18 09

Како да не бидам многу стегнат на авантуристики мотоцикл?

Лесно можете да се стегнете додека со вашиот мотоцикл возите по некоја оф роуд патека. Но проблемот тука е што авантуристичките мотоцикли се една комплексна машина. Секој дел на мотоциклот има посебна и специјална намена. Држете го нозете малку на свиткани а колената нека ви бидат нанапред. Обидете се и лактите да ви бидат малку свиткани. Ако рацете ви се стегнати мотоциклот тешко ќе се справи со препреките кои се пред него. Сега да се фокусираме на рачките. Држете ги со палецот и со уште еден прс. Показалецот и средниот прст нека ви бидат на кочницата и на квачилото во случај да треба веднаш да ги притиснете.

off road txt 2 18 09

Што да спакувам за ваква авантура?

Не носете премногу работи. Најчеста грешка која ја прават возачите е тоа дека мислат дека треба се да понесат со себе. Со тоа всушност вие само додавате на тежина. Мотоциклот така ќе троши повеќе гориво а ќе ви биде и многу потешко да го кренете доколку имате некаква несреќа. Ако авантурата ви трае само еден или два дена, тогаш носете ја само основната опрема, прва помош и облека која ќе ве згрее и која не пропушта вода. Тоа е основата.

off road txt 3 18 09

Каде да гледам кога возам оф роуд?

Новите возачи најчесто гледаа во предното тркало кога за прв пат ќе се впуштат во некоја ваква авантура. Но тука проблемот настанува ако некоја препрека изненадно се појави пред вас. Немате време да реагирате и речиси сигурно ќе се удрите во неа. Најдобро е да гледате право по патот. Колку подалеку можете толку подобро. Доколку го правите ова, не само што ќе можете полесно да ги забележите препреките туку и ќе можете да возите побрзо. Доколку гредате само во предното тркало тогаш се фокусирате на само еден мал дел од патот. Вака и самите си ја ограничувате брзината на возење.

off road txt 4 18 09

Дали треба да седам и да стојам додека возам авантуристички мотоцикл?

Кога се соочуваат со некој тежок дел, новите возачи речиси секогаш седнуваат на мотоциклот и се обидуваат да ги поминат препреките. Но проблемот е кога седите на мотоциклот се зголемува центарот на гравитација.Исто така, многу потешко маневрирате со мотоциклот кога сте седнати.

off road txt 5 18 09

Кога треба да седнам, како да го направам тоа?

Треба да седите на мотоциклот единствено кога возите на долги, рамни делови. Добро е понекогаш да седнете бидејќи со тоа штедите енергија. Но една грешка која луѓето многу често ја прават е тоа што седат на крајот на мотоциклот и притоа ги истегнуваат рацете нанапред. Во овој случај рацете ви се премногу затегнати и еден мал испакнат дел на патот може да ви направи големи проблеми.

off road txt 6 18 09

Дали да го намалам притисокот на пневматиците кога возам оф роуд?

Не. Авантуристичките мотоцикли имаат голема тежина. Ова би можело да одговара за некои помали модели но за мотоцикл кој тежи најмалку 220 килограми, тоа е лоша идеја. Прво нешто со кое ќе се соочите е оштетување на бандашите. Во некои случаи, доколку сте заглавени во кал, намалувањето на притисокот би можело да биде добра идеја, но што ќе излезете веднаш треба да ги напумпате. Доколку пак гумите се премногу напумпани, тие многу полесно ќе отскокнуваат. Сето ова прави мотоциклот многу потешко да се контролира.

off road txt 7 18 09

Дали треба да ја користам предната сопирачка?

Некои нови возачи целосно ја игнорираат предната сопирачка. Но проблемот е во тоа што задната кочница само го забавува мотоциклот и не го запира целосно. Во тоа ќе ви помогне предната кочница но треба да бидете внимателни. Кочењето на некој правец со добри ABS сопирачки би требало да биде во ред се додека тоа не го правите на пат кој има кал или мокра трева. Во секоја друга ситуација сигурно веќе ја имате забележано опасноста и соодветно ја намалувате брзината.

Back To Top