Корисни текстови

Не е прашање дали, туку кога ќе паднете. Носете кацига!

Вие ќе внимавате, нема да возите брзо, ќе ги почитувате правилата и прописите, и тогаш некоја будала ќе ве залепи од позади, кога најмалку ќе очекувате. Не е прашањето дали, туку кога ќе паднете, ова го знае секој моторџија, затоа не си ја предизвикувајте среќата, НОСЕТЕ КАЦИГА.

Следете нè на:

 

biker-vs-squidБидете моторџија, а не семафорџија

Вие ќе внимавате, нема да возите брзо, ќе ги почитувате правилата и прописите, и тогаш некоја будала ќе ве залепи од позади, кога најмалку ќе очекувате. Не е прашањето дали, туку кога ќе паднете, ова го знае секој моторџија, затоа не си ја предизвикувајте среќата, НОСЕТЕ КАЦИГА.

За многумина кои ги ставаат своите мотори во зимски сон првото сонце и температури над 15 степени значи одлична прилика да се разбудат, и да се издуваат по градските улици.

Деновиве бев сведок на едно чудо „моторџии“ кои уживаа на февруарското сонце, рекламирајќи ги новите наочари кои ги купиле. И не е тоа ништо ново, не се случува за прв пат кај нас, впрочем станува навика, па за многумина тоа е начинот да распознаеш моторџија од семафорџија. 

Сепак, жално е тоа што многу млади луѓе возат без кациги заради нај различни причини. Деновиве разговарајќи со нив добив одговори дека тоа го прават за да уживаат во сонцето, затоа што кацигата ги стегала, им ја растурала фризурата (!?) заради немањето доволно добра кацига и што ли уште не, а сепак и јас, и тие ја знаат вистината, само сакаат да бидат видени.

Жално е што перцепцијата кај нив е погрешна, ако поминеш со 200 на партизанска без кацига нема да бидеш виден, ако поминеш пак бавно и притоа го турираш моторот сигурно ќе бидеш виден, но ќе добиеш и коментар дека си „сељак“, што е сосема на место. Поентата на возењето на кацигата на лакт од друга страна ми е разбирлива, доколку падне на страна возачот може да си го заштити лактот. Не, сериозно, зошто побогу ја носите кацигата на лакт, на резервоар, качена над уши и сегде освен на глава?

kacigaПроцентуален приказ на местата на кои се удира главата при пад од мотор

Кацигата е направена за на глава, таму и треба да се носи! Знам дека кога си млад ти врие крвта, сакаш да го осетиш сонцето, да бидеш виден, ама размислете малку за последиците. Според сите истражувања 50% од смрта кај сообраќајните незгоди во кои учествувале мотоциклисти ќе била спречена доколку моторџијата носел кацига. Зарем 50% не се доволни да ве замислат и да ве натераат да ставите кацига на глава?

Запомнете една работа, кацигата не ја носите заради полицијата, ја носите за да ја заштитите вашата глава. Не водете инает за нешто што вам ви стои на рамена. Знам дека сите кај нас нели возат најдобро и дека на 90% од Валентино Роси возачите во Македонија не им се случуваат такви работи, но запомнете дека не сте сами на патот. Вие ќе внимавате, нема да возите брзо, ќе ги почитувате правилата и прописите, и тогаш некоја будала ќе ве залепи од позади, кога најмалку ќе очекувате. Не е прашањето дали, туку кога ќе паднете, ова го знае секој моторџија, затоа не си ја предизвикувајте среќата, НОСЕТЕ КАЦИГА.

И за крај, бидејќи една слика вреди 1000 зборови, во продолжение има видео кое се надевам дека барем некому ќе го врати назад по кацигата следниот пат кога ќе седне на мотор.

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.