Корисни текстови

Совети за возење на топло време

Прекумерната топлина може да влијае на вас и на вашиот мотоцикл. Еве неколку совети како да се заштитите додека возите некаде преку лето.

Следете нè на:

 

Летото конечно пристигна и сега е време за возење. Сепак, пред да се качите на вашиот мотоцикл бидете сигурни дека сте подготвени за топлото време. Топлината може да направи чудни, многу често деструктивни работи на вашиот мотоцикл. Затоа, пред да почнете да возите, а надвор температурата изнесува повеќе од 30 степени, убаво е уште еднаш да го разгледате прирачникот кој доаѓа заедно со мотоциклот.

5 Tips for Motorcycle Safety Summer Safety Series 770x433

  • Исчистете го и подмачкајте го ланецот и проверете дали некаде на него има рѓа или пак дали е оштетен. Исто така, бидете сигурни дека е добро стегнат. Направете го ова навечер за да може лубрикантот добро да си ја заврши својата работа.
  • Проверете ги сите течности. Масло, сопирачки, кумплуг. Проверете ги сите црева и жици да не имаат некакви оштетувања или пак меки делови. Топлото време само дополнително ја зголемува топлината која ја произведува вашиот мотоцикл.
  • Не правете голема пауза во возењето. Секако дека некогаш нема да возите но немојте тоа да биде премногу често. Големата пауза меѓу возењата на високи температури е навистина лошо за моторите со воздушно ладење, а дури и оние со водено ладење можат да имаат проблеми.
  • Посветете големо внимание на пневматиците. Каква е шарата? Дали има пукнатини или пак скинати делови? Дали треба да се заменат или треба да се напумпаат уште малку? Ова можете да го проверите и во најблиската бензинска пумпа.
  • Проверете ги сопирачките. Дали се е во ред кога ги притискате. Сопирачките, на топло време, се загреваат многу побрзо од останатите делови и затоа бидете сигурни дека се во најдобра состојба пред да се качите на мотоциклот.

Сигурно дека не сакате да носите премногу работи на себе кога надвор времето е топло, но има неколку причини поради кои секогаш треба да носите соодветна облека. Треба да купите нова кацига и алишта и не знаете дали треба да имаат светла или темна боја. Има голема разлика кога не ги апсорбирате целосно сончевите зраци. Заменете ги кожните панталони за нешто друго. „Mesh “ јакните нудат одлична заштита, а притоа се многу лесни и овозможуваат струење на воздухот. Ако ви дозволува буџетот, купете и такви панталони . Исто така ќе ви требаат и летни ракавици.

Summertime Harley dudes 770x433

Колку повеќе овозможувате цирцулација на воздухот, толку подобро. Ако сакате да одите еден чекор понапред, можете да намокрите некоја марама и да ја заврзете околу вратот.

Запомнете дека секогаш треба да имате доволно вода на располагање. Погрешно е мислењето дека треба да пиете вода кога ќе почуствувате дека сте жедни. Најдобро е да инвестирате во опрема која ќе ви овозможи да пиете вода додека возите. Кога е премногу топло, правете и почести паузи за одмор. За време на паузите, паркирајте го вашиот мотоцикл некаде под сенка. Паузите се исто така добар момент да ставите малку и заштита на себе.  Видете дали некои делови не се заштитени и ако треба измачкајте ги со средство за сончање.

И за крај, не заборавјте да се забавувате и да уживате во сонцето бидејќи за неколку месеци повторно ќе се вратат зимата и снегот.

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!