MK мотоциклисти на меѓународни трки

Балкански шампионат: Ивчески трет во Плевен!

Четвртата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) го донесе првиот пехар на нашите натпреварувачи.

Следете нè на:

 

На четвртата рунда од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам настапија 96 возачи од 6 држави, а Македонија беше претставувана од двајца возачи, Слободан Ивчески во класата F1000 и Христијан Бузалковски во класата SP125.

Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) кој настапува во класата F1000 се искачи на пиедесталот за прв пат во сезоната освојувајќи го третото место во Плевен.

Тој на саботните квалификации имаше четврто време, а на загревањето во неделата дојде до втората позиција. Трката ја започна и возеше одлично, па на крајот сосема заслужено дојде до првиот пехар во сезоната.

13415650 10206158589435754 8734672041449202109 oТрето место за Ивчески во Плевен

„Ова беше добра трка, го освоив првиот пехар и се надевам дека ќе продолжам во овој стил до крајот на шампионатот. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме бодреа како и до дечките кои беа со мене во текот на викендот. Благодарност и до спонзорите кои ми помогнаа да го постигнам овој успех“ - изјави Ивчески за мотори.ком.мк

13392039 10206158586235674 6136255661261132076 oЦобо по завршувањето на трката

На трката во Плевен настапи и Христијан Бузалковски - Бузо (МК Мотори) во класата SP125. Тој на квалификациите забележа шесто време, но благодарение на одличниот старт на трката се искачи до третата позиција. За жал лошата среќа која го прати од почетокот на сезоната продолжи и на оваа трка, па заради технички проблеми со моторот тој мораше да запре. При враќањето на патеката еден од возачите удри во него по што моторот беше оштетен и за него трката беше завршена.

13416888 1041532035928021 3709672291993541073 oБузалковски не ја заврши трката во Плевен

МФМ од Плевен се враќа со два пехара, за освоено трето екипно место во Тим А и второ екипно место во Тим Б.

Следната трка се вози претстојниов викенд на патеката Аданката во Романија, потоа возачите ги очекува трката во Серес на 9/10-ти јули пред последните две трки кои треба да се возат во октомври и ноември.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.