MK мотоциклисти на меѓународни трки

Брзински мотоциклизам: Бузалковски трет во Плевен

Нашиот натпреварува во класата SP125 на Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, викендов на патеката Плевен во Бугарија го освои третото место.

Следете нè на:

 

11701137 1606958786247152 1627607400388540882 nБузалковски со својот тим по освојувањето на третото место во Плевен

Нашиот натпреварува во класата SP125 на Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, викендов на патеката Плевен во Бугарија го освои третото место.

Четвртата рунда од ИЕШ шампионатот ја одбележи Бузалковски (МК Мотори) кој беше единствен наш натпреварувач во класата SP125, а неговите конкуренти од Македонија, Аргетим Рамадани и Марин Сугарев не отпатуваа во Бугарија. Во оваа класа во конкуренција на 10 мотори тој успеа да се искачи на подиумот и придонесе за успехот на репрезентацијата на Македонија која исто така во конкуренција на тимови го зема пехарот за третото место.

Се на се, ова беше одличен викенд за мене, го освоив третото место и сум навистина задоволен со оглед на условите. Мотоциклот со кој се натпреварувам беше видливо послаб во однос на конкурентите при крајната брзина па морав да го дадам максимумот за да се вратам со пехар од Плевен. Напредував добро во однос на претходната трка и во однос на првиот тренинг, успеав да го намалам времето за 1,5 секунда што е одличен успех за мене и се надевам на подобри успеси во иднина - изјави Бузалковски за мотори.ком.мк

Во генералниот пласман сега тој е на четвртата позиција, 2 бода зад Аргетим Рамадани, а следната трка се вози во Романија на 23 август. До крајот на шампионатот треба да се вози уште една трка, на 20 семптември на патеката Плевен во Бугарија.

11667527 10207006336947450 6239371512587902630 nБузалковски и Спиров за време на тренинзите во Плевен

Во класата F600 Мотоциклистичката Федерација на Македонија имаше еден свој претставник, Игор Спиров - Зизи (МК Гого) кој за жал немаше најдобар викенд. Спиров кој сме навикнати да го гледаме во предниот дел од колоната едноставно немаше свој викенд, тој на квалификациите се избори за 11-та позиција, со време од 1:44 иако сме го следеле на истата патека со времиња кои се на долната граница од 1:40. За Спиров кој ја заврши трката на 10-та позиција ова дефинитивно е викенд кој ќе сака да го заборави и да се сконцентрира на следните трки од шампионатот. 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.