Honda денеска објави мали промени на нивната Gold Wing линија за сезоната 2020.

Honda денеска објави мали промени на нивната Gold Wing туринг линија за сезоната 2020. Меѓу нив се измените кај протокот на гориво но и поголемиот комфорт за возачот и совозачот.

Откако претрпе големи промени во 2018 година, вклучувајќи двојна, предна суспензија, Apple CarPlay, четири режими на возење, мотоциклите за сезоната 2020 добија подобрувања кај протокот на гориво како и DTS системот кој треба да ја подобри стабилноста на мотоциклот при помала брзина.

GoldWing 2020 Main 1 29 10 2019

Туринг моделите имаат и воздушно перниче, променета суспензија како и поудобно седиште за сопатникот. Сетинзите за суспензијата можете да ги прилагодите преку TFT екранот.

Во промените се вклучени и две нови бои. DCT верзијата ќе има 'Matte Ballistic Black Metallic' дизајн додека пак туринг варијантата ќе биде достапна во 'Pearl Glare White' боја.

Back To Top