Honda подготвува нов Супербајк модел кој ќе има четири цилиндричен V мотор. Компанијата со него ќе се обиде да ја врати доминацијата во Светскиот Супербајк шампионат.

Јапонскиот магазин, Young Machine, креираше копија која е многу слична со оригиналниот мотоцикл кој ќе се најде на пазарот во 2019 или 2020 година. За разлика од ексклузивниот RC213V-S кој има цена од 180,000 евра, Honda RVF1000R ќе има многу попристапна цена и која ќе биде слична на останатите верзии од Супербајк класата, модели како што се новиот Ducati Panigale V4, Kawasaki ZX-10RR или пак Aprilia RSV4 RF. Цената на овие мотоцикли се движи од 20 до 25 илјади евра.

Идејата за која притиска Honda е да се повтори стратегијата која Јапонскиот бренд веќе еднаш ја примени кон крајот на деведесетите години на минатиот век. Тогаш RC45 кој е наследник на успешниот RC30 во ист период коегзистираше со Fireblade 900 RR. RC45 успешно опстојуваше на пазарот и се уште е популарен меѓу фановите на спортските мотоцикли.

Кон крајот на деведесетите години, со промените на регулациите во WSBK, Honda се одлучи за конфигурација со два цилиндри а наскоро потоа го претстави и RC51. Многу години подоцна RC повторно се најде на пазарот, овој пат како RC213V-S кој доаѓа директно од MotoGP. Ова е мотоцикл кој се произведува во само 200 примероци секоја година а поголем дел од нив се наоѓаат во сопственост на приватни колекционери.

honda rc45 txt 31 01

Според патентите кои Honda ги претстави во САД кон крајот на Март може да се заклучи дека компанијата планира да го напушти неефикасниот CBR 1000 RR Fireblade SP2 и да се фокусира на модел кој ќе се нарекува Honda RVF1000R.

Honda RVF1000R

Во срцето на овој модел ќе најдеме мотор кој веќе го имаме видено кај RC213V . За разлика од RC213V-S, Honda RVF1000R ќе користи помалку егзотични материјали со цел да се намалат трошоците.

honda rc213vs txt 2 31 01

Што ќе се случи сега со CBR 1000 RR Fireblade? Се чини дека е малку веројатно Honda да го прекине производството на овој модел кој има долга традиција. Логично ни е да помислиме дека Fireblade ќе продолжи да се продава заедно со Honda RVF1000R почнувајќи од 2019 или 2020 година. Ова ќе им овозможи на потрошувачите попристапен модел кој ќе има и далеку пониска цена. Но покрај цената се очекува да се намалат и перформансите а според најавите, V4 ќе има помеѓу 210 и 220 cv.

Во моментов само Aprilia е единствениот бренд кој во WSBK серијата ќе настапи со четири цилиндричен V мотор. Почнувајќи од 2019 година, Ducati на патеката ќе се појави со Panigale V4 со што ќе се прекине дво-цилиндричната традиција која трае повеќе од две децении.

Back To Top