Мотоцикли

КТМ го претстави прототипот 790 Duke

Австриската компанија КТМ, на EICMA мото шоуто е комплетно посветенa на претставување на линијата Duke.

Следете нè на:

 

Австриската компанија КТМ, на EICMA мото шоуто е комплетно посветенa на претставување на линијата Duke. KTM 1290 Super Duke R доби прилично голема промена за сезоната 2017, кај KTM 690 Duke беше променет изгледот, а за KTM 390 Duke слободно можеме да кажеме дека е најдобриот мотоцикл во неговата класа. Но, компанијата од Австрија не застана таму. Ни претстави и нешто што допрва ќе следи од линијата Duke, прототипот KTM 790 Duke.

KTM 790 Duke Prototype EICMA 06

Овој мотоцикл ќе има „parallel-twin“ мотор кој има има зафатнина од 800cc. Неговата шасија исто така ќе биде подобрена. Ќе ги има и новите LED светла кои се застапени кај сите брендови на КТМ, а најголема промена има кај новиот издув.

Прототипот KTM 790 Duke има големи сличности со KTM 1290 Super Duke R, но, исто така, има голема сличност и со првите, оригинални, Duke модели. На КТМ и требаше подолго време да влезе во категоријата на улични мотоцикли кои имаат зафатнина од 800cc. Овој мотоцикл можеме да очекуваме да се појави следната година на EICMA шоуто како модел за сезоната 2018. 

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!