MV Agusta објави подобрена верзија на популарниот Superveloce retro спортски мотоцикл како и целосно нов S модел.

Во срцето на два модели се наоѓа 145bhp 798cc triple со неговиот „counter rotating crank “. Комплетно е редизајниран издувот каде сега се вметнати нови инјектори. Крајниот резултат е Euro5 мотор кој воопшто не ја загуби моќноста. Добра работа заврши MV.

Покрај промените кај моторот, MV направи и одредени подобрувања во однос на електрониката. Од компанијата велат дека сега има подобра реакција на гаста.

Најголемите промени кај двата модели се кај електрониката. За прв пат MV го воведе IMU кај Superveloce а исто така интегрирани се и ABS. Има голем број на безбедносни додатоци а меѓу нив се: cornering ABS, lean sensitive traction control, front lift control. Од компанијата велат дека сега можете да го контролирате кревањето на тркалото наместо да го спречите. Браво за MV.

MV Agusta txt 4 08 04

Superveloce сега доаѓа и со контрола за старт а исто така има и нов менувач. Сето ова може да се подесува преку новиот 5.5 инчен TFT екран кој исто така може да се користи и за навигација.

Има промени и во однос на управувањето и стабилноста. Од MV велат дека новите плочки на рамката ја подобруваат цврстината на шасијата додека пак вилушките имаат нови сетинзи за подобра амортизација.

MV Agusta txt 5 08 04

И моделот S ги има сите овие подобрувања плус уште неколку додатоци. Тој е опремен со лесни, spoked, тркала кој му даваат ретро изглед. На ова се надополнува и црното, Alcantara, седиште. Верзијата S е достапна и со комплет за трки кои содржи единечно седиште, поинаков издув како и мапиран ECU.

Засега се уште не е позната нивната цена ниту пак кога овие два мотоцикли ќе се појават на пазарот.

Back To Top