Royal Enfield, еден од најстарите и наголемите производители на мотори со долга и богата историја, никако не успева да се откачи од своето минато, и тоа е добро, затоа што нивното минато вреди да се обнови и рекреира. 

Според последната официјлана најава на пазарот во Индија тие веќе го понудија моделот обновениот Classic 350. Во Европа се очекува да се појави на почетокот на следната година. 

RE Classic 350 05

Новиот Royal Enfield Classic 350 се базира на ретро дизјан и тоа до максимум. Има нова шасија и мотор кој ги исполнува Euro5 стандардите. Моторот е со зафатнина од 349 кубни сантиметри, секако со еден цилиндар. Всушност тоа е моторот кој сега производителот го користи кај моделот Meteor 350. Во Classic 350 тој произведува нешто ситно над 20 коњски сили со вртежен момент од 27Nm на 4000 вртежи. Моторот има балансер за да ги апсорбира вибрациите а на него е закачен менувач со 5 брзини. За подобро однесување на асфалт, шасијата за овој модел е зајакната а суспензијата прилагодена. 

RE Classic 350 06

Како и сите други модели на Royal Enfield и The Classic е резултат на работата на тимовите во Велика Британија и секако во Индија, каде што и се произведуваат. Покрај стабилноста, подобрувања, во споредба со Meteror има и кај кочниците и тоа со помош на двојниот Bosch ABS систем. 

RE Classic 350 04

Како и кај Meteor и кај The Classic има нова комбинирана инструмент табла со аналоген и дигитален дел и USB приклучок. Цени за Европа уште нема, ама ако ги земеме како пример цените на другите модели од производителот може слободно да очекуваме одличен сооднос на квалитет и цена. 

Back To Top