MotoGP

Доминација на Марк Маркез во Шпанија

Марк Маркез доминираше на Шпанската Гран При трка и стигна до својата прва победа во премиерната класа на патеката во Херез. На крајот тој успеа да заврши со предност од пет секунди пред Јохан Зарко додека пак на третото место се најде Андреа Ианоне.

Следете нè на:

 

Марк Маркез доминираше на Шпанската Гран При трка и стигна до својата прва победа во премиерната класа на патеката во Херез. На крајот тој успеа да заврши со предност од пет секунди пред Јохан Зарко додека пак на третото место се најде Андреа Ианоне.

marc marquez repsol honda motog spanish gp

Во еден момент на трката настана голем хаос откако во ист круг надвор од патеката излетаа Андреа Довициозо, Хорхе Лоренцо и Дани Педроса. Но тие не беа единствените излетувања во текот на трката откако претходно Кал Кратчлоу и Алекс Ринс предвреме го завршија настапот.

Трката дефинитивно ја одбележа сударот на 8 круга до крајот во кој Лоренцо одбегнувајќи го Довициозо влета директно во Дани Педроса, по карамболот тројцата возачи кои се бореа за втората позиција останаа без поени. Ова му овозможи на Зарко да дојде до второто место, а Ианоне да го искачи Сузуки по трет пат во сезоната на пиедесталот.

По четири извозени трки во генералниот пласман води Марк Маркез со 70 поени, зад него е Зарко со 58, а на третото место е Маверик Вињалес со 50. 

Поз.ВозачПроизводителЗемјаПоени
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 70
2 Johann ZARCO Yamaha FRA 58
3 Maverick VIÑALES Yamaha SPA 50
4 Andrea IANNONE Suzuki ITA 47
5 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 46
6 Valentino ROSSI Yamaha ITA 40
7 Cal CRUTCHLOW Honda GBR 38
8 Jack MILLER Ducati AUS 36
9 Danilo PETRUCCI Ducati ITA 34
10 Tito RABAT Ducati SPA 24
11 Dani PEDROSA Honda SPA 18
12 Alex RINS Suzuki SPA 16
13 Franco MORBIDELLI Honda ITA 13
14 Pol ESPARGARO KTM SPA 13
15 Alvaro BAUTISTA Ducati SPA 12
16 Hafizh SYAHRIN Yamaha MAL 9
17 Takaaki NAKAGAMI Honda JPN 9
18 Aleix ESPARGARO Aprilia SPA 6
19 Mika KALLIO KTM FIN 6
20 Jorge LORENZO Ducati SPA 6
21 Scott REDDING Aprilia GBR 5
22 Bradley SMITH KTM GBR 3
23 Karel ABRAHAM Ducati CZE 1
24 Thomas LUTHI Honda SWI  
25 Xavier SIMEON Ducati BEL

Следната трка се вози на патеката Ле Ман во Франција на 20-ти мај.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!