MotoGP

Маркез: Научив многу работи од Довициозо

Марк Маркез се подготвува за првиот обид да ја освои Светската титула.

Следете нè на:

 

Те очекува важен викенд. Дали се уште се чувствуваш нервозен и возбуден како и првиот пат кога се бореше за титулата?

Маркез: Ова е голем викенд, различен викенд! Но ќе се обидам да имам ист пристап и ќе дадам 100%. Но сега остануваат само уште две трки од шампионатот. Секако дека имам предност но таа лесно може да се загуби. Не сакам самиот да си правам притисок дека морам да победам. Сакам тука да освојам поени и да се обидам да ја освојам титулата но тоа може да се направи и во Валенсија. Тоа ми е целта уште од самиот почеток на сезоната.

IMGP7710 copy

Малкумина очекуваа дека Андреа Довициозо ќе ти биде главен ривал. Што мислиш за него како возач и како твој конкурент?

Маркез: Различен возач, различен менталитет. Искрено многу работи научив од него. Секој возач, секој ривал е различен. Сите имаат предности и мани. Но Дови е навистина мирен и секогаш си ја завршува својата работа. На пример на трката во Австралија, иако направи неколку грешки, сепак продолжи да вози во свој стил.

Дали е потешка борбата за титулата со нов противник?

Маркез: Најтешкото нешто е кога се борите против некого кој нема толку голем притисок. Бидејќи ако Довициозо ја освои титулата, тоа би било одлична сезона. И ако заврши на второто место, сезоната повторно би била одлична, како за Дови така и за Ducati. На некој начин, јас можам да ја загубам титулата, а тој може само да победи.

Дали те интересира да видиш како функционира мотоциклот од последниот пат кога тестираше?

Маркез: Ме интересира да видам бидејќи мислам дека подобривме голем број на работи. Но и во текот на претсезоната не бевме толку лоши. Бев брз, имав добар ритам. Но исто така ова е патека на која во изминативе неколку сезони постојано имавме проблеми. Но ќе видиме како ќе се одвиваат работите оваа година. Исто така мораме да одлучиме и со каков сет ап ќе почнеме, дали со оној од претсезоната или пак со оној што го користиме сега. Електрониката е исто така променета и тука имаме голем напредок.

Зошто имаш проблеми на оваа патека? Дали поради одделни делови на патеката или пак во прашање е твојот стил на возење?

Маркез: Можеби проблемот е до стилот на возење. Неколку години имав добар настап тука но топлото време прави навистина да биде тешко за возење. А мојот агресивен стил на возење понекогаш не функционира тука. Исто така и сакам да притиснам повеќе и има поголем притисок врз пневматиците. Мислам дека треба да бидам малку помирен.

Дали имаш некакво предвидување за викендов?

Маркез: Знаете ли какво ќе биде времето? Невозможно е да се предвиди! Секако за мене главната цел е да се искачам на подиумот но не е битно на кое место ќе завршам.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!