Марк Маркез можеби не ја заврши трката која се возеше во Велика Британија но сѐ уште е дел од борбата за титулата.

Марк Маркез можеби не ја заврши трката која се возеше во Велика Британија но сѐ уште е дел од борбата за титулата. Во поголемиот дел од трката тој се бореше за првата позиција но сепак поради проблеми со моторот тој за прв пат во премиерната класа поради технички проблем мораше предвреме да ја заврши трката. Сепак, смета дека сѐ уште е дел од борбата за титулата и покрај тоа што му го препушти водството на Андреа Довициозо.

IMGP8301 copy copy

„На последната трка навистина немавме среќа бидејќи се чувствував навистина добро на мотоциклот. Се обидував да извозам добра трка и да внимавам на пневматиците, особено на предниот, бидејќи температурата беше повисока отколку претходно. Сакав да ги сочувам пневматиците за да нападнам пред самиот крај на трката. Веќе видов дека Довициозо има нешто повеќе отколку Роси и Вињалес но сепак мислам дека можев да се носам со него.“

„Се беше во најдобар ред кога одненадеж ми се појави проблем со моторот. Штета, но такви работи се случуваат кога се тркате. Тоа ми се случува прва пат со Honda. Позитивната работа е дека бевме брзи тука, исто како што бевме и на другите патеки, и дека се уште сме дел од борбата за титулата. Денеска не освоивме бодови но добро се чувствувам на мотоциклот и со нетрпение ја очекувам следната трка.“

И покрај тоа што заврши на седмата позиција, неговиот тимски колега е задоволен од резултатот со оглед на проблемите со кои се соочуваше во текот на викендот.

„Целиот викенд беше тежок за нас. Тимот се обиде да ми го обезбеди најдобриот мотоцикл и јас дадов се од себе на трката. Всушност, темпото кое го имав беше подобро отколку за време на тренингот и бев речиси една секунда побрз во споредба со остатокот од викендот. Но за жал тоа не беше доволно за да се носам со најдобрите возачи. Но јас сакам да гледам на светлата страна, а тоа е дека се подобривме овој викенд. Има соодветна разлика со останатите возачи во шампионатот но ќе дадеме се за да се бориме за победа на следните трки.“ - Дани Педроса

Back To Top