thumb__GIS9921МотоГП тимот на Јамаха подготвено го дочекува последниот пред сезонски тест кој ќе се одржи од 23-25 март на патеката Херез во Шпанија.

1865921128_1

МотоГП тимот на Јамаха подготвено го дочекува последниот пред сезонски тест кој ќе се одржи од 23-25 март на патеката Херез во Шпанија. На денешната презентација пред медиумите и пријателите на тимот беа претставени новите бои на YZR-M1, моторот со кој Хорхе Лоренцо и Бен Спиз ќе атакуваат на титулата Светски шампион.

_GIS9921

„Навистина е возбудливо да се биде на патеката пред почетокот на сезоната, навистина ми се допаѓа новиот изглед на Јамахата, а тимот се погрижи сезонава да имаме конкурентен мотоцикл. Добро е што деновиве ќе тестираме на патека на која ќе возиме подоцна во шампионатот, вака ќе видиме до каде ни се силите во однос на конкурентите. Ми беше задоволство што видов толку многу претставници на медиумите на денешната промоција и секако дека сум среќен што го сликаа мојот мотор“ - изјави Хорхе Лоренцо.

_GIS9912

Бен Спиз по промоцијата изјави: „Го сакам новиот мотор! Прекрасно е да се биде повторно назад на машина од 1000цц, начинот на возење на овој мотор за мене е многу по природен, по близок до она на што сум навикнат па мислам дека сезонава ќе биде забавна. Боите се прекрасни, па спремен сум да го пробам моторот за последен пат пред првата трка во Катар.“ {gallery}m1-2012{/gallery}

Третиот пред сезонски тест е генерална проба за сите тимови пред почетокот на сезоната на 8-ми април на патеката Лосаил во Катар.

Back To Top