Само Aprilia и KTM ќе имаат пристап до техничката концесија на MotoGP за сезоната 2017

Местото на подиумот што го освои Маверик Вињалес на трката која се оддржа на Филип Ајленд на тимот на Suzuki му донесе губење на MotoGP техничката концесија.

Концесијата, кој дозволува девет наместо седум промени на моторот, можност за развој на моторот и неограничен број на тестови со возачи кои се натпреваруваат, трае се додека еден производител не освои шест концесиски поени.

PA2056831.0008

Ле Ман : Трето место = 1 поен

Силверстоун: Прво место = 3 поени

Мотеги: Трето место = 1 поен

Филип Ајленд: Трето место = 1 поен

Според правилникот на MotoGP, штом ќе се освојат шесте поени, се забранува неограниченото тестирање. Останатите забрани стартуваат од почетокот на следната сезона.

Поради резултатите кои ги имаат постигнато, Honda, Yamaha и Ducati немаат концесија. Успехот на Suzuki значи дека само Aprilia и KTM ќе се квалификуваат за концесија следната сезона.

Во сезоната 2017, Вињалес ќе премине во тимот на Yamaha.

Back To Top