„Фенати е возач со голем талент и сакаме да се обложиме на него во иднина, но за жал мораме да се откажеме“ – Валентино Роси

Романо Фенати се соочува со неизвесна иднина откако беше суспендиран од VR46 Moto3 тимот.

Италијанецот, кој досега има седум победи, беше суспендиран поради прекршување на тимските правила.

fenati 46

„Прво даваме една опомена. Потоа, даваме уште една. Третиот прекршок беше главниот проблем,“ изјави тимскиот менаџер Пабло Нието.

Засега не се знае какви биле предупредувањата. Единствено нешто што го кажа Нието беше дека не се работи за односот на Фенати со тимските колеги Николо Булега и Андреа Мињо.

Во моментов Фенати се наоѓа на третото место во шамионатот, а VR46 исто така планираше новиот тим во Moto2 да го гради околу него.

Нието изјави дека се уште нема донесено никаква одлука во однос на иднината на Фенати, но зборувајќи после трката, сопственикот на тимот Валентино Роси изјави:  „Да, за нас ова е голем срам. Не сме среќи бидејќи загубивне на овој начин. А исто така и бидејќи Фенати е одличен возач и сакавме да биде со нас и во иднина. Но за жал ќе мораме да се откажеме.“

Следната трка од шампионатот ќе се оддржи викендов во Брно. Со оглед на коментарот на Роси, би било големо изненадување доколку Фенати се појави на трката.

Back To Top