Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Исто како и за време на зимските тестирања, Италијанецот се уште има проблем со предниот дел на мотоциклот и овој пат се обиде да направи поинаква дистрибуција на тежината.

rossi lodail

„Моите перформанси не се фантастични. Не се чувствувам премногу добро. Но на крајот на тестот откривме нешто што може да ни помогне. Со меката гума можам повеќе да притиснам и да бидам малку подобар.“

„Повеќе ме загрижуваше пневматикот со средна цврстина. Можеби доколку направиме модификација на сетинзите тоа ќе ни помогне и околу пневматиците. Ќе видиме утре. Се надевам дека времето ќе биде добро.“

Во однос на проблемите со кои се соочува моментално, деветратниот шампион изјави:„За мене најголем проблем беше предната гума на Michelin. Не сум доволно брз при влегување во свиок. Уште првиот пат кога ја пробав гумата го кажав тоа но се чини дека на останатите возачи им се допаѓа. Ќе се обидеме повторно утре. “

Вчера во Катар се оддржаа вториот и третиот слободен тренинг, денеска на програмата е четвртиот тренинг и квалификациите.

Back To Top