(Време на читање: 1 минута)


Утринава во Мадрид успешно беше опериран возачот на Хонда Репсол тимот во МотоГП шампионатот, Дани Педроса.

551e76bbf20360.67880105

Утринава во Мадрид успешно беше опериран возачот на Хонда Репсол тимот во МотоГП шампионатот, Дани Педроса.

Операцијата која траела 2 часа ја спровел еминентниот доктор Ангел Виљамор, а според зборовите на докторот поминала успешно и Педроса повеќе нема да го има проблемот со пумпање на раката.

Според првичните информации, на Педроса ќе му бидат потребни 4-6 недели за закрепнување, а потоа докторот ќе треба да спроведе детален преглед по што ќе се знае кога ќе може да се врати на патеките. Според ова, Педроса со сигурност ќе ги пропушти следните три трки (САД, Аргентина и Шпанија), а најверојатно нема да вози ни на ЛеМан, трка која е закажана за 17-ти мај. Доколку е се во ред со неговата рака Педроса можеме да го очекуваме на патеката Муџело за 6-та рунда од МотоГП шампионатот на 31-ви мај.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: