Опрема

Преглед: Michelin Anakee 3

Ги тестиравме наследниците на Anakee 2 и прашување:  доколку се преправаме дека возиме оф-роуд,нели треба да се преправаме  дека возиме и на оф-роуд гуми?

Следете нè на:

 

Ги тестиравме наследниците на Anakee 2 и прашување:  доколку се преправаме дека возиме оф-роуд,нели треба да се преправаме  дека возиме и на оф-роуд гуми?

micheline-anakee-3

Доколку побарате “најдобри гуми за BMW 1200GS”на Гугл, ќе добиете илјадници различни одговори. Пробајте го истото и за било кој друг авантуристички моторцикл и резултатите ќе бидат слични.

Сепак, доколку погледнете внимателно ќе забележите дека неколку пневматици се издвојуваат. Меѓу нив се Anakee 2 на Мишелин и Tourance EXP на Мецелер. Тие се доста познати помеѓу сопствениците на авантуристички моторцикли.

Мишелин изјавија дека нивните трите цели за новите Anakee 3  се: да обезбедат подобра километража,зголемена безбедност и поголемо задоволство при возењето. Најмалку една од тие цели има шанса да биде измерена,за останатите две ќе се дебатира на интернет форумите.

Мишелин ја подесија Anakee 3  со пристрасност од 90% за патишта и 10% за крос. Доколку сопствениците на авантуристички мотори се искрени, тие би признале дека 99.9% од нивното време тие возат на пат.  Мишелин се свесни за ова и тоа се забележува во новите Anakee 3. Меѓутоа со години производителите нудат гуми со крос изглед, бидејќи изгледот продава.

Anakee 3 е наследник на Anakee 2.Ги нема испакнатите шари. Заменети се со гуми кои кои имаат сличен профил како гумите за пат но со поагресивнашара. Мишелин ги нарекува 'a tread within a tread' и можете да видите зашто. Тие се дизајнирани да поминуваат низ вода,кал и чакал.

На пат, новите гуми се одлични и не се многу различни од конвенционалните гуми. Иако Anakee 3 е single compound tyre, имате чувство дека повеќе лепи на краевите поради фактот дека дава одлична повратна информација,во споредба со слабото нишање кое ќе го добиете со крос гумите кога шарите ќе започнат да се движат. Недостатокот од испакнати шари исто така ги отстранува и некои од вибрациите кои ги имате со обичните крос гуми и го прави возењето малку попријатно. Можеби ќе можете да го измерите ова задоволство.

Ги возев Anakee 3 на 2013 BMW R1200GS и Tiger Explorer XC. И двата моторцикли имаат контрола на тракцијата и треба добро да ја притиснете гаста за to make the Anakee IIIs break traction. Многу повеќе отколку што би ви требало доколку возевте на обични гуми.

michelin-anakee3

Не е изненадување тоа што новите BMW R1200GS модели доаѓаат опремени со Anakee 3  гумите на Мишелин. Таа е добра гума која се справува со барањата на тешки моторцикли како R1200GS и Tiger Explorer XC.

Мишелин Anakee 2 против Anakee 3

Возевме неколку круга на мал,тесен и исполнет со кривини пат на идентични R1200GS модели,едниот опремен со Anakee 2 гуми а другиот со Anakee 3. Главната разлика што ја почувствував беше довербата при вртење.Anakee 2 не беа лоши но мора да се навикнете на a slightly vague front-end on a mock-off-road tyre. Кога возите со Anakee 3 може да видите како предниот дел е залепен за патот,без губење на контрола и сите други работи поврзани со суспензијата за долго патување.

За крај

Иронично е тоа што потенцијално најдобрата гума за денешните авантуристички моторцикли не е специјална крос гума туку е обична гума за пат која  нуди брзо време на загревање, зголемено ниво на силика за подобри перформанси на влажни услови и профил и шара кои ветуваат најдобар контакт на гумата со патот.

“Овластен увозник за гумите Мишелин во Македонија е Динамикс од Скопје.”

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!