Honda ги објави клучните карактеристики на мотоспорт програмата за 2013 година, во која се вклучени нивната мотоспорт стратегијата и иницијативата за проширување на популарноста на мотоспортот.

2013 honda presentation pic1

Honda ги објави клучните карактеристики на мотоспорт програмата за 2013 година, во која се вклучени нивната мотоспорт стратегијата и иницијативата за проширување на популарноста на мотоспортот.

Уште од нивното создавање, Honda отсекогаш била вклучена во мотоспортот. Комбинирајќи ги мото трките и автомобилските трки, Honda во моментов се натпреварува или обезбедува поддршка во повеќе од 100 тркачки категории ширум светот. Натпреварувачкиот дух на Honda сега е раширен низ целиот свет преку овие активности. Honda ќе продолжи по тој пат и уште повеќе ќе ја зајакне својата инволвираност во мотоспортот на глобално ниво за да го осигура својот развој и да ги исполни очекувањата на потрошувачите ширум светот.

2013 sepang 1 d2 pic 1

Што се однесува до мото активностите, во MotoGP, тимот на Repsol Honda  ќе настапи со двајца возачи. Дани Педроса и Марк Маркез, кој беше шампион во Moto2 класата минатата сезона. Возејќи RC213V, Honda оваа сезона ќе цели кон освојување на сите три шампионски титули-возачи, тим и констуктори.  Исто така ќе ги снабдува со мотори и своите сателитски тимови. Двата сателитски тимови се GO & FUN Honda Gresini и LCR Honda MotoGP со возачите Алваро Баутиста и Штефан Брадл. Honda исто така ќе продолжи да обезбедува подршка за Хироши Аојама (Avintja Blusens) кој ќе се натпреварува со CRT мотор.

marquez high

Во Moto2 класата, Honda обезбедува активна подршка од 2010 година како единствен официјален снабдувач со мотори, обезбедувајќи притоа мотор кој што беше развиен врз основа на CBR600RR. Honda одлучи да биде официјален снабдувач на мотори уште 3 години, до 2015. Со цел да ги развие мото трките во Азија, Honda  ќе му обезбеди подршка на IDEMITSU Honda Team Asia, нов тим кој вози во Moto2 класата оваа сезона. Тимски менаџер ќе биде Тадајуки Окада, а Јуки Такахаши кој ќе ја вози својата четврта сезона во Moto2  шампионатот ќе биде главниот возач.

Во Moto3 класата, Honda ќе обезбеди подршка за Hyuga Watanabe кои завршија на десетото место минатата година. Од овој шампионат излегоа многу познати возачи меѓу кои се и Дани Педроса и Марк Маркез.

Back To Top