Вести од светот

BMW продаде рекордни 164.153 мотоцикли во 2017 година

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

Следете нè на:

 

Ова е седма година по ред како расте продажбата на мотоциклите на BMW. Во 2016 година, тие успеаа да продадат 145.032 единици. Од компанијата велат дека ќе продолжат со развојот и дека се надеваат дека до 2020 година, ќе успеат да продадат 200 000 мотоцикли.

BMW Motorrad успеа да продаде повеќе мотоцикли и макси скутери отколку било кога досега во нивната историја. Во споредба со минатата година, тие имаат раст од 13,2 проценти.

011818 2017 bmw s1000rr s1000r s1000xr f 633x388

„2017 беше уште една успешна година за BMW. Седма година по ред постигнуваме рекорд во продажбата. Сакам да им се заблагодарам на потрошувачите за огромната доверба која ја имаат во нас,“ изјави Стефан Шалер, генерален директор на BMW Motorrad.

Компанијата сега има план до 2020 година бројката на продадени мотоцикли да се искачи на 200.000 примероци.

„Бројката која ја постигнавме во 2017 година ни потврди дека ја имаме вистинската стратегија.  Покрај тоа, имаме план и за во иднина. Во 2018 година ќе ја прошириме нашата линија на модели. Веќе е подготвена новата, средна класа, а ќе има и уште неколку други интересни продукти,“ вели Шалер.

Раст на продажбата на пазарот во Европа и Азија

Најголем раст беше забележан во Европа. Во Франција беа продадени 16.607 промероци, во Италија, 14.430, Шпанија 11.193 и Велика Британија 9.550 мотоцикли. Севкупно, продажбата во Европа беше зголемена за 15 проценти. Истовремено, и пазарот во Азија продолжува да се развива. Кина и Јапонија беа земјите во кои имаше најголема продажба.

Германија повторно е најголемиот пазар за мотоциклите на BMW. Со продадени 26.664 мотоцикли, компанијата успеа да ја зголеми продажбата за 7,1 процент.

011818 2018 bmw f750gs bmw f850gs 583x389

GS моделите земаат замав

За прв пат во историјата на компанијата, беа продадени повеќе од 50.000 примероци од моделите R 1200 GS и GS Adventure travel enduro. Благодарение на новите верзии на R nineT моделите, продажбата на оваа серија мотоцикли се зголеми за 9,6 проценти, односно 86.900 примероци.

Кај спортско ориентираната S серија, беа продадени вкупно 21,752 примероци од моделите S 1000 RR Supersports Bike, S 1000 R Power Roadster и S 1000 XR Adventure.

Продолжува да се развива новиот сегмент кој има помалку од 500cc

11.595 примероци од моделите G 310 R и G 310 GS кои беа воведени во 2017 година веќе им беа испорачани на потрошувачите. Овие нови модели не се популарни само на пазарите во Јужна Америка и Азија туку се повеќе стануваат популарни и во Европа.

011818 2018 bmw g310gs 609x389

Луксузни модели

Продажбата на шест цилиндричните модели исто така има позитивен тренд. „Со продадени 6.719 примероци и раст од 50 проценти, нашите шест цилиндрични мотоцикли се меѓу најпродаваните во оваа категорија. После Германија, САД останува важен пазар за нас во иднина. Ќе продолжиме со развојот со цел да ја зацврстиме нашата позиција на тој пазар. Исто така таму планираме да го понудиме и моделот K 1600 Grand America, кој го претставивме за време на мото шоуто во Милано,“ изјави Тимо Рех, одговорен за продажба и маркетинг во BMW.

BMW Motorrad лидер во иновациите

Во 2017, BMW Motorrad се покажа и како лидер во многу области. Ексклузивниот HP4 RACE, кој има лесна рамка изработена од јаглеродни влакна привлече големо внимание. Мултифункционалната табла која има 6.5 инчен TFT екран во иднина ќе ја има и кај останатите модели.

Каква ќе биде 2018 година

За 2018 година, BMW веќе има одлично портфолио. „Очекуваме да видиме зголемување на продажбата во 2018 година. Очекуваме добри резултати од комплетно новите F модели, F 750 GS и F 850 GS, како и долго очекуваниот C 400 X скутер“ вели Рех.

Групацијата BMW

Со своите четири бренда, BMW, MINI, Rolls-Royce и BMW Motorrad, групацијата BMW е главен светски производител на мотоцикли и автомобили. Тие вкупно имаат 31 фабрика во 14 земји. Во 2017 година, BMW продаде нешто повеќе од 2.500.000 патнички возила и повеќе од 164 000 мотоцикли. Во групацијата работат вкупно 124.729 лица.

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!