Почнувајќи од следната година, „Distinguished Gentleman’s Ride“ ќе се оддржува во Мај.

Почнувајќи од следната година, „Distinguished Gentleman’s Ride“ ќе се оддржува во Мај со надеж дека потоплото време ќе привлече повеќе публика а со тоа и бројот на донации ќе биде поголем.

Настанот, се оддржуваше кон крајот на секоја година уште откако почна во 2013-тата. Прв пат беше оддржан во Австралија каде временските услови се многу подобри во овој период од годината.

Gentelmens Ride 1

Настанот е планиран да се оддржи на 23-ти Мај 2021 година и се очекува присуство на илјадници возачи.

Од година во година настанот станува се помасовен а веќе се оддржува во повеќе од 100 држави. Досега, преку 300 илјади возачи донираа средства кои помагаат да се крене свеста за машкото здравје. Сепак, 2020-та се покажа како проблематична година. До денеска, благодарение на „Distinguished Gentleman’s Ride“ се собрани 18 милиони фунти.

Back To Top