Многумина сметаат дека се построгите правила за емисија на штетни гасови ќе доведат до забавување на развојот но реалноста е сосема спротивна. 

Многумина сметаат дека се построгите правила за емисија на штетни гасови ќе доведат до забавување на развојот но реалноста е сосема спротивна.  Тие го потикнуваат развојот и доаѓа до креирање на мотоцикли кои многу често се подобри од претходните верзии.

Новите ограничувања кои ќе почнат да се применуваат од почетокот на следната година ќе донесат нов развој на технологијата.

Што е Euro 5?

Тое е петто ограничување на емисијата на штетни гасови. Првото, Euro1, беше воведено во 1999 година. Во текот на изминативе две децении, постигнат е огромен напредок.  Главната новина е воведувањето на ограничување за “ non- methane hydrocarbons - (NMHC)“,  или во превот јаглеводороди кои не се метан, нешто што претходно не беше мерено. NMHC ги прави најголемиот дел од штетните гасови па затоа лимитот од 0.068g/km преставува голем предизвик.

Тестирање:

Како и претходно, воведувањето на Euro5 се одвива постепено. Новите модели кои треба да се појават на пазарот од почетокот на следната година ќе мора да го исполнуваат овој услов но на компаниите им е даден рок од 12 месеци за да ги прилагодат веќепостоечките модели.

Euro5 emissions txt 29 08 copy

Овие правила ќе важат и за Велика Британија иако се очекува земјата да ја напушти Евроопската Унија. Дури и земји како Индија и Кина имаат слични правила.

Најмногу се погодени мотоциклите кои имаат голем број на вртежи. Исто беше и со Euro4.  Кај нив вентилите треба да бидат оторени подолго време но исто така и треба да има поголемо преклопување. Но истите сетинзи кај помал број на вртежи доведуваат до поголема емисија на штетни гасови. Затоа можеме да очекуваме огромна употреба на “variable valve timing“ технологијата. BMW  S1000RR веќе е предводник во овој сегмент.

Euro5 emissions txt 1 29 08 copy

Исто така можеме да очекуваме и зголемени капацитети на моторите кои пак треба да обезбедат подобри перформанси. Triumph Tiger 800, 1103cc Ducati Panigale V4 и 1078cc Aprilia RSV4, јасно ни покажуваат дека компниите веќе работат на ова.

Едно нешто кое е проблематично во целиот овој дел е тоа дека мотоциклите стануваат с е повеќе комплицирани и поскапи за производство.

Back To Top