Вести од светот

Хонда го потврди производството на нов V4 спортски модел

motori Honda-VFR-750-R-RC30Претседателот на Хонда, г-н Таканобу Ито, официјално ја потврди работата на нов модел од Хонда кој се очекува да биде спортски мотор со V4 агрегат. Новиот модел треба да ја продолжи историјата на RC30, моделот кој беше претставен во 1987-та година и кој претставува вистинска тркачка машина легална за возење по улица.

Следете нè на:

 

Honda-VFR-750-R-RC30Легендарната RC30 која треба да биде заменета со нов модел

Претседателот на Хонда, г-н Таканобу Ито, официјално ја потврди работата на нов модел од Хонда кој се очекува да биде спортски мотор со V4 агрегат. Новиот модел треба да ја продолжи историјата на RC30, моделот кој беше претставен во 1987-та година и кој претставува вистинска тркачка машина легална за возење по улица.

Иако претседателот на Хонда не откри поголеми детали за новиот мотор, извесно е дека со крајот на фискалната година за Хонда ќе започне производството на нов модел, а она што наголемо се шпекулираше во изминатиот период е дека Хонда работи на  нов модел кој ќе потекнува од МотоГП моделот RC213V. Со оглед на тоа што CBR1000RR годинава доби нов лик, претпоставуваме дека нема да прават надградба на тој модел туку се работи за целосно нова машина која ќе биде подобра и побрза, она што на многумина им пречи кај сегашниот модел кој развива 170кс и е далеку зад конкуренцијата.

Honda-RC213V-Scott-JonesМоторот на Honda RC213V, ќе видиме ли „улична“ верзија?

Доколку Хонда навистина развие продукциски мотор кој ќе потекнува од MotoGP Honda RC213V моделот, убедени сме дека ќе се исполни најавата на претседателот на Хонда, дека компанијата со овој модел започнува со испишување на новата историја. Нестрпливи сме да дознаеме повеќе за новостите од Хонда, а доколку се остварат шпекулациите дека Хонда ќе претстави концепт на овој мотор на саемот „EICMA“ во Милано, ќе имате ексклузивна можност да ги видите и фотографиите од него.
 

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.