КТМ го надмина Harley Davidson во продажба на мотоцикли на глобално ниво. Австриската фирма сега се искачи на врвот и стана компанија која е најдобра во продажба на мотоцикли а која не доаѓа од Азија.

Но има повеќе во приказната за тоа зошто КТМ бележи таков раст, а Harley Davidson намалување на продажбата. Иако КТМ продаде околу 30 илјади мотоцикли повеќе од H-D минатата година, сепак Harley е далеку од победен. Дури и со помалку продадени мотоцикли,

Harley оствари за три пати поголем профит од KTM. (Во превод тоа значи дека Harley заработи 5 милијарди долари од продажба на мотоцикли и додатна опрема во споредба со 1.75 милијарди долари профит на КТМ). КТМ продава многу мотоцикли со помала кубикажа, меѓу кои се и модели кои не пристигнуваат на пазарот во САД, на пример Duke 125. Овие мотоцикли се многу тешки за споредба, но сепак добро е кога продавате било каков мотоцикл. Со оглед на ова, се чини дека продажбата на КТМ ќе продолжи да расте и во иднина.

Успехот на КТМ минатата година беше помогнат од преставувањето на 800 cc платформата како и Svartpilen/Vitpilen 701 серијата преку Husqvarna која пак е во сопственост на КТМ. Голем дел од мотоциклите на КТМ се изработени во Индија преку договорот за соработка со Bajaj Auto. Ова е уште еден потег кој овозможува намалување на трошоците на КТМ.

Harley-Davidson веќе објавија дека планираат да го следат примерот на КТМ и да склучат договор со странска компанија каде што би се креирале мотоциклите наменети за пазарот во Азија. Исто како и КТМ и Harley сака подлабоко да влезе на тој пазар со оглед на намалената продажба на мотоцикли во САД. Партнерство со некој Азиски производител би можело да биде одлично за Harley, исто како што е и за KTM, BMW и уште неколку други вакви компании. Барем кога станува збор за финансиите.

2019 KTM 1290 Super Duke GT lead

Австриската компанија неколку децении произведуваше добри мотоцикли, но смрта на основачот на фирмата како и банкротот кој следуваше, доведоа до намалување на продажбата во осумдесетите години од минатиот век. Обновувањето на брендот започна во 1992 година кога Стефан Пиерер го купи она што остана од КТМ за само 7 милиони долари.

„Работите кои ги правевме во тој период беа толку лоши што дури и не исмеваа“ , изјави Пиерер. „Но секоја криза исто така преставува и можност.“

За развојот на компанијата после тој период може да се каже дека е неверојатен. Во секоја од последните осум години, КТМ го руши сопствениот рекорд на продажба а сега цели и на местото кое го има Kawasaki. Ова преставува одличен повраток на вложените средства.

Harley-Davidson и KTM, сега треба да продолжат да се развиваат. Ако имаме среќа, тоа би значело дека наскоро би можеле да имаме некои неверојатни мотоцикли.

Back To Top