Kawasaki UK ги објави причините поради кои дојде до одложување на претставувањето на новите модели. Како главна причина за ова е наведена пандемијата со коронавирусот.

И покрај тоа што досега веќе претставија неколку модели од сезоната 2021, Јапонската компанија соопшти дека се уште работи на дел од нивните машини со цел тие да бидат во согласност со последните регулации кои се однесуваат на емисијата на штетни гасови.

Во документите се наведува: „Иако целта на Kawasaki е на своите клиенти да им ја обезбеди целата линија на модели за сезоната 2021, ограничувањата кои настанаа во производството по избувнувањето на пандемијата доведе до одредени промени кај нашите модели со цел тие да бидат во согласност со Euro 5 стандардите. Поради оваа причина, мал број на мотоцикли се уште не ги исполнуваат потребните спецификации. “

„Меѓу овие модели се J125, J300, Ninja 400, Z400, ZX-6R како и Ninja H2 и Ninja H2 SX. Нашите инжинери работат напорно со цел овие машини во најкус можен рок да им бидат достапни на потрошувачите.“

kawasaki z900 corner

Euro 5 регулациите целосно ќе стапат на сила од 1-ви јануари 2021 година и ќе ги заменат претходните, Euro 4, стандарди. Почнувајќи од овој датум, сите нови мотоцикли ќе мора да ги исполнат новите стандарди. Машините кои ги исполнуваат Euro 4 правилата ќе мора да претрпат одредени промени.

После оваа дата, одреден број на мотоцикли се уште ќе можат да бидат регистрирани во следните две години. Овој процес е познат како „derogation“. Сепак, според тоа како се одвиваат работите во Kawasaki јасно е дека компанијата сака да го помине овој процес што е можно побргу. Доколку пак одлучат да аплицираат, се уште е нејасно колку машини од секој модел би можеле да продаваат според овие правила.

Крег Вотсон, маркетинг менаџерот на Kawasaki Motors UK вели: „Kawasaki отсекогаш се обидувала на мотоциклистите да им обезбеди голем избор на атрактивни машини. И покрај пандемијата со Ковид 19, тоа останува наша цел и во 2021 година. Новите модели продолжуваат да ја потенцираат иновативноста на Kawasaki. Тоа значи дека кај нашите модели за сезоната 2021 ќе има за секого по нешто.“

Во моментов се уште не е познато кога овие модели ќе се појават на пазарот.

Back To Top