Една патент апликација која ја забележа Бен Пурвис ни најавува дека Honda планира својата „ Variable Valve Timing “ технологија да ја примени и кај превозните средства на две тркала. Дизајните кои ќе го содржат софистицираниот VVT систем можат да се најдат кај новиот CBR модел.

Поднесен во Јуни 2018 година, патентот претставува продолжение на оригиналната Јапонска идеја која потекнува од 2017 година. Со него Honda го објаснува механизмот каде што на моторот со внатрешно согорување му се додава „variable valve“ операциски систем.

Со оглед на тоа што компанијата го усоврши својот VTEC систем на моделите кои се дел од VFR800 серијата, оваа вест можеби звучи прилично основна, но вреди да се напомене дека оваа верзија на системот на променлив вентил на Honda влијае на времетраењето и подигнувањето на осовината.

Новиот VTEC систем на Honda за мотоциклите користи два дела за да се постигне различно времетраење. Ова претставува нов чекор за компанијата а досега само BMW и нивната „ShiftCam“ го имаат постигнато истиот резултат.

First Text Honda VTEC Superbike patent 01 11 01 2019

Еве дел од патент апликацијата на Honda за VVT:

„Кога менувачот се поместува поради хидрауличниот притисок кој пак е предизвикан од електромагнетниот вентил, „cam“ механизмот се придвижува и го повлекува приклучокот. Каишот потоа се поместува додека ротира за да ги промени теговите и тие да дејствуваат на вентилот на моторот. Вентилот се поставува на левата или десната страна по ширината на возилото, на предната или задната површина на главата на цилиндарот. Вентилот се поставува на соодветна локација и е надвор од влијанието на останатите делови на моторот.“

Бидејќи Honda користи цртежи на Супербајк модел во својата патент апликација, можно е наскоро да видиме нов CBR1000RR/Fireblade мотоцикл. Сепак, мораме да напоменеме дека ваквите скици многу често се употребуваат само за да се илустрира технологијата која се употребува. Засега ништо не ни наговестува во кој модел Honda планира да ја употреби оваа технологија. Иако веќе имаме видено дека VVT се користи во супербајк секторот, оваа технологија многу лесно би можела да се употреби и на новиот Gold Wing.

Сепак, треба да се прашаме уште колку долго Honda планира да го употребува актуелниот CBR1000RR дизајн, особено ако се знае дека нејзините најголеми ривали забрзано се движат напред.

Дали следниот супербајк модел на Honda ќе биде inline-four или пак V4? Дали компанијата планира да ги искористи хомологациските правила кои важат во Супербајк шампионатот? Каква врска има Euro5 со иднината на супербајк моделите на Honda? Само времето ќе покаже.

Back To Top