Електричниот сегмент кај мотоциклите почнува да се развива.

Електричниот сегмент кај мотоциклите почнува да се развива. Ова го знаеме бидејќи од Јапонија ни доаѓа информација дека е започната соработка меѓу Honda, Kawasaki, Suzuki и Yamaha за поставување на различни стандарди кај електричните мотоцикли.

Доколку не ви делува како таква, ова е навистина голема вест.

Со ваквиот потег, четирите големи компании формираат конзорциум кој заедно ќе работи на создавање на поиздржливи батерии, места за полнење, инфраструктура и уште неколку други работи кои ќе го намалат хаосот на пазарот.

Јапонските компании, кои се одговорни за продажбата на речиси половина од мотоциклите на светско ниво, со ваквата соработка би можеле да креираат еден вид на стандард кај електичните возила и местата за полнење.

honda kawasaki suzuki yamaha 2019 electric motorcycle consortium 3 copy copy

Ваквиот потег е позитивен знак за електричните мотоцикли но и севкупно за возилата кои се движат на струја.

Оваа информација не е случајна. Honda неодамна соопшти дека работи на електричен dirt bike прототип кој наскоро би можел да се најде и во продажба. Yamaha исто така забрзано работи на ова поле и веќе има неколку off-road, on-road и EV концепти. Има гласини дека вакво нешто подготвуваат и Kawasaki и Suzuki.

Иако конзорциумот е се уште во зачеток, ќе биде интересно да се види дали некоја друга компанија ќе ги следи. Кај глобалната економија, тешко дека ќе видиме неколку стандарди како се натпреваруваат и преживуваат на регионалните пазари.

Наместо тоа, наше предвидување е дека ќе има еден стандард кој ќе ги обедини сите останати. А се чини дека Јапонците веќе го направија првиот чекор.

Back To Top