Вести од светот

Веспа слави 70 години постоење

Седумдесет години по создавањето на првата веспа, Piaggio ја претстави новата „Settantesimo“ боја наменета за своите модели. 

Следете нè на:

 

Првиот модел на веспа беше создаден во Април 1946 година во Понтедера, Италија.

За Piaggio, Веспата претставува се: симбол на Италијанската креативност, мал и паметен проект кој и покрај сите промени кај мотоциклите во текот на годините, се уште постои. Но прво и основно, тој е столбот на економската стабилност на Piaggio.

Специјалните модели по овој повод ќе бидат достапни во боите „Azzurro 70“ или „Grigio 70“. Овие модели имаат сиви тркала, темни кожни седишта, хромиран простор за багаж заедно со црна кожна торба.

vespa 70godini 1

Имаше моменти во минатото кога во Piaggio си мислеа дека времето на веспа помина. Главната идеја во тоа време беше да се претстави променета верзија на моделот „Cosa“, но негативните реакции на потрошувачите ги натера за кратко време да го повлечат моделот. Но, тоа и помогна на компанијата да разбере дека Веспата треба да се зачува и заштити и дека треба да вложат во нејзиниот напредок.

Беше претставена револуционерна програма која му помогна на брендот да го достигне денешниот статус. Радикално беше променета нејзината функционалност и ефикасност, но го задржа дизајнот и изгледот.

Јубилејот е одбележан со посебен модел наречен “Vespa Settantesimo”. Тој е достапен во две бои, „Azzurro 70“ и „Grigio 70“. Секој модел има сиви тркала, темни кожни седишта, хромиран простор за багаж заедно со класична црна кожна торба.

Секако „ Vespa Settantesimo“ ќе биде само еден од моделите кои во текот на годината ќе ја прослават седумдесет годишнината на Веспа. Увозникот на Веспа за Македонија, Динамикс, веќе започна со одбележување на годишнината преку изложба на новите модели во својот салон, а беше организирана и забава по повод јубилејот.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!