Од Италија ни стигнува информација дека Марко Меландри оваа недела ќе објави дека ќе се повлече од трките.

Од Италија ни стигнува информација дека Марко Меландри оваа недела ќе објави дека ќе се повлече од трките. Секако, оваа вест веднаш не заинтересира.

Информацијата ни доаѓа од „La Gazzetta dello Sport “, истиот весник кој пишува и дека Хорхе Лоренцо размислува да се повлече. Спортскиот магазин наведува дека Меланди е подготвен да се повлече после тешката година која ја има во WorldSBK.

Наводно утре ќе има и официјална пресконференција а Меландри планира да ја заврши сезоната со GRT Yamaha.

Melandri txt 09 07

Сателисткиот тим на Yamaha сака да го задржи Меландри во своите редови. Иако сезоната 2019 е тешка за Италијанскиот возач, сепак со мали измени работите би можеле да се променат а Меландри да почне да освојува поени.

36 годишниот возач немаше добар настап додека беше дел од Aprilia MotoGP тимот а подоцна и самиот призна дека не сакал да замине во Гран При серијата и дека преферирал да остане дел од WorldSBK.

Воопшто не е погрешно Меланди да размислува за повлекување, но сепак сме изненадени од информацијата. За среќа нема да треба да чекаме долго пред да добиеме и официјална потврда.

Back To Top