WSBK

Хаслам ќе му се приклучи на Реа во фабричкиот тим на Kawasaki

Леон Хаслам вели дека би бил луд доколку ја одбие можноста да вози покрај Џонатан Реа во Супербајк серијата.

Следете нè на:

 

Ваквата реакција на Хаслам следува откако зачестија гласините за негов премин во фабричкиот тим на Kawasaki. Се верува дека Британскиот возач е во преговори со шефовите на Kawasaki во однос на можноста да го замени Том Сајкс. Тимскиот шеф, Гим Рода не ги негираше информациите дека се сретнал со поранешниот вицешампион. Иако Хаслам вели дека се уште нема потпишано никаков договор, нашите извори велат дека е блиску до такво нешто.

HaslamRea

„Јас сум вработен во Kawasaki и тие одлучуваат каква ќе биде мојата иднина,“ изјави Хаслам. „Навистина сум задоволен од она што го правам за Kawasaki во Британскиот шампионат како и сите други работи меѓу кои се и тестирањата во Јапонија и неколкуте трки од Супербајк шампионат.“

„Точно е дека тие покажаа интерес но се уште ништо не е потпишано. Би било остварување на сонот да настапувам за KRT во Светскиот Супербајк шампионат и би бил луд доколку не ја разгледам нивната понуда.“

„Се надевам дека ќе знаеме нешто повеќе во следните неколку недели. Сѐ уште нема никаква потврда ниту во тимовите на Ducati и Yamaha, а има и неколку возачи кои сакаат да се вратат повторно во MotoGP. Во моментов сум фокусиран на освојување на Британскиот шампионат и засега сме во навистина добра позиција.“

Хаслам го имаше своето деби во серијата во 2003 година со тимот на Renegade Ducati. На крајот на сезоната заврши на осмата позиција. Потоа замина во Британскиот шампионат каде што остана до 2009 година. Потоа повторно беше дел од Супербајк шампионатот каде што остана до 2015 година остварувајќи притоа пет победи и 39 места на подиумот.

Ова нема да биде прва соработка на Хаслам со Џонатан Реа откако двоецот заедно возеше и во тимот на Pata Yamaha во сезоната 2013/2014. Засега сѐ уште не се знае каква ќе биде судбината на Том Сајкс. Постојат шанси Британецот да премине во тимот на GRT Yamaha доколку тие одлучат да ја напуштат Суперспорт категоријата или пак да премине во Британската Супербајк серија.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.