Алваро Баутиста беше подобар од Џонатан Реа и стигна до 15-тата победа оваа сезона.

Алваро Баутиста стигна до првата победа после трката во Мисано која се возеше во јуни. На патеката во Портимао, тој успеа да дојде до 15-тата победа оваа сезона.

Со тоа позитивно заврши викендот за Шпанецот.  Во пресрет на трката Баустиста се соочуваше со огромен притисок да ја намали разликата во однос на Реа.

Иако статуваше од првиот ред, Баутиста за брзо време се најде на шестата позиција. После неколку круга, тој повторно се искачи неколку позиции погоре. Голема помош имаше и од Реа кој иако стартуваше од пол позицијата, сепак не можеше да направи разлика. Меѓу првите неколку возачи беа и Торпак Разгатлиоглу, Леон Хаслам и Алекс Ловс.

Bautista Portimao txt 09 10

Баустиста го презеде водството откако во исто време ги претекна Реа и Разгатлиоглу.  Иако Разгатлиоглу го презеде водството во свиокот број еден, во следниот круг не можеше да се одбрани од нападите на Шпанецот.

Поранешниот MotoGP возач после тоа само ја искористуваше поголемата брзина на неговиот мотоцикл за да направи поголема разлика во однос на неговите ривали. Иако Реа опасно му се приближи на Бутиста во последниот круг, сепак не успеа да го претекне.

И покрај поразот, Реа си заминува од Портимао со предност од 91 поен во однос на Баутиста. До крајот на шампионатот остануваат уште осум трки.

Разгатлиоглу ги комплетираше местата на подиумот а веднаш зад него интересна борба имаа Ловс и Хаслам.

Лорис Баз успеа да го победи Мајкл ван дер Марк и на крајот го освои шестото место. Марко Меландри, Том Сајкс и Сандро Кортезе ја комплетираа листата на најдобрите десет возачи.

Back To Top