Од дефицит од 61 поен до нова титула на две трки до крајот на сезоната, Џонатан Реа вели дека и самиот бил изненаден од ваквиот успех.

Џонатан Реа вели дека освојувањето на титулата на патеката во Мањикур било изненадување дури и за него. После првите четири рунди од сезоната, возачот на Kawasaki заостануваше 61 поен зад Алваро Баутиста кој победи на првите единаесет трки од сезоната. Сепак, на десет од тие единаесет трки Реа заврши на второто место. А само десет трки подоцна, во пресрет на летната пауза, Реа веќе беше во водство 81 поен.

Возачот од Северна Ирска ја искористи предноста и дојде до три победи и три втори места на трките кои се возеа во Португалија и Франција. Победата на втората трка во Мањикур како и неуспехот на Баутиста да стигне до целта беше доволно да ја осигура титулата.

Реа вели дека е горд на ова постигнување со оглед на тоа дека заостануваше на стартот на сезоната а до крајот остануваат уште две трки.

rea champion txt 01 10

„Искрено, не ми се верува. Ова беше неверојатна година и никогаш не престанав да верувам дека можам да ја освојам титулата. Верував во мојот тим и во мотоциклот“, изјави Реа. „После четвртата трка тешко ми беше да излезам на патеката бидејќи знаев дека нема да биде лесно да дојдам до нова победа. Но веќе на половина на сезоната работите се променија.“

„Не знам што да кажам бидејќи не очекував дека денеска ќе ја освојам титулата.“

„За време на трката не знаев каква е состојбата на табелата но кога видов дека Баутиста е надвор од патеката, веќе бев сигурен дека можам да ја освојам титулата.“

„Му благодарам на тимот, на мојата фамилија и на сите оние кои работеа заедно со мене, Kawasaki, спонзорите и сите останати кои ми го овозможија овој успех. Оваа титула е на целиот тим и немаше да бидам тука без нив.“

Реа, кој покрај тоа што го урна рекордот на најмногу победи во историјата на Супербајк серијата, има и најмногу титули во шампионатот откако го помина Карл Фогарти кој во деведесетите години на минатиот век освои четири титули.

Back To Top