Откако ги преставија боите и возачите за сезоната 2019, Ten Kate Racing и Лорис Баз ќе го имаат своето официјално враќање во Супербајк серијата на трката која ќе се вози во Херез.

Откако ги преставија боите и возачите за сезоната 2019, Ten Kate Racing и Лорис Баз ќе го имаат своето официјално враќање во Супербајк серијата на трката која ќе се вози во Херез. Тимот првично требаше да се врати во шампионатот на трката во Имола.

Откако дојде до разделба со тимот на Honda, разделба која го одведе Холандскиот тим во банкрот, неколкукратниот светски шампион во текот на зимата размислуваше за враќање во серијата откако успеа да склучи договор со Yamaha.

Ten Kate Racing txt 1 25 04

До крајот на сезоната 2019, тимот ќе настапи само со еден возач, Лорис Баз.  Бидејќи останува малку време до трката во Херез а со цел што е можно подобро да се подготви YZF-R1, Ten Kate Racing кон крајот на мај ќе има неколку тестови на патеката во Мисано.Токму поради оваа причина тимот ќе ја пропушти трката во Имола која треба да се оддржи од 10-ти до 12-ти мај.

„Ова е прв пат како ја носам новата облека на тимот и го гледам мотоциклот“ , изјави Баз за време на презентацијата. „R1 изгледа неверојатно и го прави чекањето до стартот на првата трка уште потешко за мене.“

Ten Kate Racing txt 2 25 04

26 годишниот возач се врати во WSBK минатата сезона со тимот на Althea BMW. Годината ја заврши на 11-то место на табелата а само на две трки во текот на целата сезона не освои поени.

Ten Kate Racing, кои беа долгогодишни партнери на Honda, во својата историја имаат освоено 10 титули  од кои последната беше во 2014 година. Тогаш за нив настапуваше Мајкл ван дер Марк.

Back To Top