Занимливости

Нова игра: Moto Racer 4

Доаѓа зимската сезона и за некои возачи тоа значи збогување со мотоциклот се додека повторно не се затопли.  Но што да се прави во меѓувреме? Да се играат видео игри, секако.  За среќа, имаме уште една добра игра на листата,  Moto Racer 4.

Следете нè на:

 

Доаѓа зимската сезона и за некои возачи тоа значи збогување со мотоциклот се додека повторно не се затопли.  Но што да се прави во меѓувреме? Да се играат видео игри, секако.  За среќа, имаме уште една добра игра на листата,  Moto Racer 4.

Направена од „Artefacts Studios “, „Motor Racer 4“ нуди многу повеќе опции отколку играта „Ride“. Ако за „Ride“ може да кажеме дека го претставува „ Gran Turismo“ но во светот на мотоциклите, тогаш за „ Motor Racer 4“ слободно можеме да кажеме дека е замена за „Need For Speed“ или „Flatout“.

moto racer 4 releasing next week 112538 1

Играта е поделена и можете да возите на асфалт или по планински патишта. На секој од овие делови може да игра еден играч или пак неколкумина истовремено. Можете да го прилагодите мотоциклот и да возите низ предели на Америка и Азија.

Доколку возите на асфалт, пешаците, гужвата во сообраќајот и полицијата ќе ви бидат чести пречки кои ќе мора да ги надминете. Доколку пак возите оф роуд, можете да најдете многу скратени делови со цел побрзо да победите.

moto racer 4 releasing next week 3

Играта ќе биде претставена на 4-ти ноември и ќе биде достапна за PC, Playstation, и xBox.  Нејзината цена ќе биде 30 долари и во неа е вклучена и VR поддршка која ќе ви ја направи играта уште поинтересна.

Доколку пак не сте заинтересирани за тркање, а сепак сакате да играте игри со мотоцикли, покрај „Ride 2“ и„ Moto Racer 4“, можете да ја пробате и онлајн верзијата на „Grand Theft Auto“. На неа се додадени голем број различни мотоцикли и опции како и можност да формирате банда и да се борите за територија, да продавате дрога и оружје.

comments

Би можело да ве интересира

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!