MK мотоциклисти на меѓународни трки

Кико победи на трката од ИЕШ во Ендуро во Грција!

Голем успех забележаа нашите претставници на трката од Источно Европскиот шампионат во ендуро која викендов се одржа во Касторија, Грција.

Следете нè на:

 

11139421 10200677205249147 3288274829675970153 nИлиоски и Ванов во Касторија

Голем успех забележаа нашите претставници на трката од Источно Европскиот шампионат во ендуро која викендов се одржа во Касторија, Грција.

Христијан Илиоски и Ванов Драган настапија во класата Е јуниор (до 25 години) во конкуренција на млади но искусни возачи. Илиоски за кусо време го покажа талентот на дело, тој повторно докажа дека е возач од највисок ранг освојувајќи го притоа првото место, а Ванов Драган го забележа седмото место што претставува огромен успех имајќи ја во предвид тежината на патеката.

11140339 10204419421310989 4557858036992099380 nИлиоски повторно покажа дека му е потребна само помош, талентот и знаењето го има

Според зборовите на учесниците станува збор за исклучително тешка и опасна патека со екстемни нагорнини и надолнини со многу камења па затоа и повеќето од учесниците имаа потешкотии да го совладаат теренот. За среќа нашите учесници овие делови од патеката ги поминаа без да загубат време и притоа успешно да се справат со ендуро и крос тестот. Илиоски беше соочен со конкуренција од неколку грчки шампиони во мотокрос и ендуро но знаејќи го неговиот борбен дух никој не се посомнева дека во вториот натпреварувачки ден ќе ја надокнади разликата. Тој не само што ја надокнади разликата туку и направи огромна предност што на крајот му ја донесе победата.

11165312 10200677203569105 8407420776245388372 nВанов Драган со 7-мо место на тешката трка во Касторија

На трките се возеа по три кругови од шеесетина километри по исклучително лош и опасен терен кој едноставно не простува грешки, односно 180 километри возење без одмор во секој од двата натпреварувачки денови. Силната конкуренција се состоеше од возачи од Грција, Бугарија, Турција и секако нашите двајца натпреварувачи. Успехот на македонските возачи немаше да биде можен без поддршка на тимот на Јамаха кој ги отстапи моторите кои ланската сезона ги возеле најдобрите Француски ендуро возачи, специјално подготвени за ваков тип на трки.

Следната трка од овој шампионат се вози во Босна и Херцеговина на 14.06.2015

11212290 10200677023764610 1948977909 nДел од конкуренцијата во Касторија

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!